ПОЈАДОК: Peach Mama Smoothie
- 1 голема праска (замена: било кое овошје по избор)
- 2-3 урми или 1 голема царска
- 1/2 банана
- 200 мл растително млеко или нискомасно кравјо
- 3 големи лажици овес ДОИЛКИ: 4 лажици овес
- 20 гр. индиски ореви ДОИЛКИ: 25гр. индиски ореви
- 1/2 мало лажиче цимет
- екстракт од ванила по желба
- 1 лажиче кокос (или кокосови стружини)
УЖИНА: Освежителен коктел
- 2 исцедени лимони
- 1 мала лажичка стевиа (по избор)
- 1 помал исцеден портокал (мандарина или половина цитрон)
- 250 мл кисела вода (замена, обична вода)
- ДОИЛКИ: плус 1 ред темно чоколадо и 25 гр. непечени јатки по избор
РУЧЕК: Брза ручек салата со булгур и пилешко (или Сејтан/Тофу)
- 2 лажици булгур (замена просо, ориз ДОИЛКИ: 3 лажици булгур)
- марула рукола или микс зелена салата
- ротквица
- краставица
- магдонос
- црвена пиперка или домат по желба
- кромид
- 100 гр пилешки или мисиркин стек 50г сејтан или 100г тофу за замена
- Булгурот се вари, а пилешкото (сејтанот/тофуто) се пропржува една мала лажичка маслиново претходно исечено ситни коцкички за да биде спремно за салатата (ВНИМАНИЕ: рецептот за денешната вечера исто содржи пржено пилешко, добра идеа е да пропржиш поголема количина одеднаш). Салатата се сецка и мешаш сѐ заедно. На здравје! Доколку ептен ти се брза и немаш време, пилешкото замени го со туна конзерва.
ВЕЧЕРА: Цезар салата
- 150 гр. пилешки стек ДОИЛКИ: 200 гр. пилешки стек. ВЕГЕ: 200 гр. тофу + 200гр. печурки
- листови марула или зелена салата по избор
- 1 парче интегрално лепче
- За дресинг:
- 1 лажичка сенф
- 1 мала лажичка маслиново масло
- 1 голема лажица грчки јогурт
- половина исцеден лимон
- лук во прав или едно чешне
- 1 мала лажичка пармезан
- сол и бибер
- Оваа вечера е брза и лесна, уште повеќе бидејќи ручекот е пилешко и немаш потреба да подготвуваш друг протеин за вечера. Лепчето се потпекува за да биде крцкаво, па се сецка на ситни парчиња. Пилешкото (тофуто) се пржи на една мала лажица маслиново масло, па се сецка на ситни парчиња. Сѐ се додава во салатата со марула и на крај се додава сосот врз салатата. На здравје вечера!
ВЕГЕ: Калории: 268kcal | Масти: 10g | Протеини: 27g | Јаглехидрати: 23g