Добредојде во четвртиот ELEMENT Flame – огнот што го движи твоето тело.Овој елемент го симболизира срцето и издржливоста, затоа што токму срцето е главниот мотор кој го снабдува секој мускул со енергија и кислород. Без силно срце, нема сила, нема регенерација и нема долготрајни резултати.
Овој тренинг е дел од ELEMENTS и го тестира најважниот мускул во телото – срцето.
Се работи за напредно ниво тест тренинг кој ја мери твојата издржливост, капацитет на белите дробови и способноста на телото да користи енергија.
Intermediate FLAME VIDEO
(гласај колку ти беше тежок овој тренинг на скала од 1 до 10)
Ако тренингот ти е тежок и се изморуваш брзо
→ тоа е сигнал дека треба да работиш на твојата кондиција.
Ако е лесен
→ значи имаш добра база и можеш да преминеш на понапредни кардио предизвици.
Кардиото е најбрзото оружје за согорување калории. Колку подобра е твојата кондиција, толку повеќе калории трошиш за пократко време. Flame ќе ти покаже колку ефикасно твоето тело користи масти како гориво и каде се твоите ограничувања.
📌 Со силно срце, слабеењето е побрзо, поефикасно и поодржливо.
Хидратација и електролити – Тајната што менува сè
Водата е најчесто потценетата „суплементација“ на светот. Без доволна хидратација, ниту метаболизмот, ниту варењето, ниту тренингот не можат да функционираат оптимално.
Кога телото е дехидрирано, срцето работи потешко, мускулите се уморуваат побрзо, а мозокот испраќа лажни сигнали за глад – па мислиш дека ти треба храна, а всушност ти треба вода.
Електролитите (натриум, калиум, магнезиум) се минерали кои ја задржуваат водата во клетките и овозможуваат правилна работа на мускулите, срцето и нервниот систем. Без нив, водата едноставно „поминува низ тебе“ без ефект.
📌 Правилната хидратација не е само пиј вода — туку пиј ја паметно: со баланс на минерали, во вистинско време и во вистинска количина за твојата цел.
Кога целта е да се стопат мастите, водата е првиот чекор. Таа помага телото да го елиминира вишокот токсини, ја подобрува дигестијата и го зголемува чувството на ситост. Често мислиш дека си гладна, но во 70% од случаите телото само е дехидрирано.
💦 Колку: 2.5–3 литри дневно (повеќе ако се потиш или имаш тренинг).
⚡ Совет: додади малку хималајска сол или електролитен прав во едно од шишенцата со вода.
🍋 Мал трик: започни го денот со чаша млака вода + лимон + прстофат сол – ќе го „вклучи“ метаболизмот и варењето.
Пример:
- Наутро: 500 ml вода со лимон и прстофат сол
- Во текот на денот: 2 литри вода со неколку капки електролити
- Пред тренинг: 250 ml вода со магнезиум
📌 Добрата хидратација го зголемува согорувањето и ја намалува желбата за храна.
Начинот на кој го започнуваш денот го одредува како ќе се чувствуваш, што ќе избереш и какви резултати ќе создадеш. Повеќето луѓе го започнуваат денот брзајќи – со телефон, кафе и стрес. Но ако научиш да го започнуваш со намера, телото, умот и хормоните ќе работат во твоја полза цел ден.
📌 Првите 60 минути се твојата „златна зона“.
Во тие моменти можеш да ја активираш енергијата, да го балансираш кортизолот (стрес хормонот), да го поттикнеш метаболизмот и да го насочиш мозокот кон фокус и дисциплина. Не мора да биде совршена рутина — доволно е да биде твоја.
Твојата цел е да го разбудиш телото без стрес и да му дадеш сигнал дека е време да согорува, а не да складира. Утринската рутина треба да го активира метаболизмот и да ја намали потребата за шеќер и кофеин подоцна во денот.
Твој мини протокол:
🌅 Разбуди се во исто време секое утро.
💧 Испиј чаша вода со лимон или електролити веднаш по будење.
🚶♀️ Направи 5–10 минути лесно движење или дишење на свеж воздух.
🧠 Запиши една намера за денот („Денес се грижам за себе.“).
🥣 Јади појадок богат со протеин (јајца, грчки јогурт, авокадо).
📌 Телото што се буди смирено – согорува паметно.
💬 Утринската рутина не е обврска – тоа е твој личен договор со себе. Начинот на кој се будиш, е начинот на кој живееш.
🎯 Фокус: Core тест тренинг, контрола на апетит и шеќер, фокус и стабилност во секојдневието.
📣 Твојата задача на денот:
Денес се фокусираме на твојата стабилност – и физичка и ментална. Сподели нешто што ти помага да останеш фокусирана и мирна.
💬 Опции што можеш да споделиш:
- Видео/слика од твојот Stone тренинг или core момент.
- Што направи денес за да го контролираш апетитот?
- Краток запис: „Кога се чувствувам стабилно, јас…“
- Фото од здрава алтернатива на благо што ја избра денес.
📌 Вистинската сила доаѓа од стабилноста што ја градиме секој ден — не од моментите на совршенство.
