Јасмина А. Ченто
Погледни ја инспиративната приказна на Јасмина во видеото подолу.
Ана Стојанова: Јасминче здраво.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Здраво.
Ана Стојанова: Јасмина Ченто, чекај тоа е презиме или?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Тоа е фактички еден како надимак, правнуката на ченто сите ме прашуваат викаат Јасмина Ченто дали си од ченто, викам не правнуката на Методија Андонов Ченто.
Ана Стојанова: За денес ја имаме внуката на Методија Андонов Ченто.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Мило ми е што сум тука, ви благодарам значи многу посебно Ана тебе како нели онака од срце ми е толку кеиф и мерак сто сум дел тука и од армијата, што сум дел нели и од ова како херои, и благодарам навистина и ти благодариме многу сите што постоиш.
Ана Стојанова: Во името на цела армија, фала ти и тебе многу фала ти ми значи премногу ми значи. Кажи ми која беше Јасмина пред да влезе во армијата?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Едно добро прашање, Јасмина пред армијата се плашеше многу. Зошто се плашев? Едноставно јас еве како мајка како родител нели и сега со таа килажа која што се знаевме пред да бидеме родители како мајка, јас си бев спортски тип онака ракометарка со добра убава килажа некоја 60-55 кила навикната нели со тоа.
Ана Стојанова: Значи активен вежбач.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Активен вежбач да со тренинзи и се но се откажав добро нели тоа, потоа кога се породив и симнав некоја килажа со 70 и нешто 10 кила плус 15 од прилика, излегов од болница со таа истата килажа која што почна бременоста, но ете почнуваме нели викаат за двајца кога нели јадеш бремена сега треба пак нели и доиш нели за двајца. И си посегав по нездрава храна по тие такви работи и така натаму.
Ана Стојанова: Вистина ли е тој момент треба да јадеш за двајца или? Јас не сакам да коментирам нели имам одговор не скам да коментирам затоа што не сум била трудна до сега не сум мајка, ама еве.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Вистина не вистина мит или вистина викаме кај јас, значи не е точно јадеш колку што ти се јаде тоа не знам ја како го сваќаат другите дека треба сега јас дупло на пример да јадам нешто. Јадеш колку што ти се јаде и самото нели дете бебе во стомакот нели си зема колку што е потребно, потоа исто и при доењето значи за да има вика добра лактација нели и тоа треба тоа да јадеш толку онолку, не најнормално значи баш онака ете. Јасмина сега да продолжам да се навратам на тоа.
Ана Стојанова: Првично кој беше основниот проблем, зошто се пријави на програмите? Прво кажи ми пред колку време си ти во армијата?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Јас сум во армијата година, инста фит година.
Ана Стојанова: Кој беше основниот проблем? Дали килограмите беа единствена причина или имаше нешто што беше повеќе од тоа?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Вака сега килограмите беа да јас предходно си почнав со ете ај да речам хроно исхрана нели јас не сакам сега да навлегувам во тоа исхрана за да кажувам која е како што зошто, јас само ова можам да го напоменам баш дека почнав да намалив на килажата почнав со 78 кила намалив, но по цена на здравје.
Ана Стојанова: Колку килограми намали со програмите?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Сега намалив околу колку 75 почнав 63 сега, 78-75 тука од прилика.
Ана Стојанова: Околу 10 тина кила.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Сакам да кажам многу е важно значи да се внесува овошје природно значи шекер зеленчук, јас сега со хроно малце извини може настрана малце ама да кажам дека имав пробмел со бубрезите и така натаму. Друга причина која што ја почнав програмата твоја со се беше да килограмите, но како ајде да речам најискрено отворена кон сите мајки кои што се соочуваат со постпородилна сум имала постпородилна, значи влијаело тоа. Па сум нели понатаму стресно време е стресни периоди и сето тоа, исто нај ете што почнав беше дел што имав анксиозност значи многу ми помогна јас кажувам најискрено сега мислам на сите дека многу е важно и тоа. Самото вежбање, исхраната јас се посветив многу на исхраната јас заборавив што е тоа зборот а од анксиозност вежбањето мене ме прероди.
Ана Стојанова: Мислиш дека вежбањето беше главната причина затоа што се врати ти баш како правата Јасмина Ченто?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Да се вратив буквална онака како феникс од пепел, мислам најискрено го кажувам ова зошто сите се соочуваме со брзо темпо на живот, проблеми и такви работи се. Јас многу се фокусирав и дури и самата си се сакав коа станав која што сум како викам добро Јасмина и сеа си ти таа што си, значи премногу си се засакав нели освен килажата, изгледот се и сите прашуваат нели чекај сега ти на каква диета си? Јас нон стоп тоа го кажувам на сите, не сум на диета јас сум на здрав начин на исхрана.
Ана Стојанова: Тоа ќе ми беше следно прашање, велиш дека си била на хроно дека имаш пробано различни диети.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Само хроно.
Ана Стојанова: Која беше причината да речеш хроно не е за мене или оваа диета не е за мене ќе почнам со програмите на Ана и тоа е тоа што ми треба во животот, имаше ли некоја предрасуда или едноставно знаеше? И ако знаеше како знаеше?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Знаеш како јас со хроно еве нели и ти кажав и предходно тоа дека почнав но по цена на здравје. Намалив на обем значи јас воопшто како да кажам јас намалував целосно и во килажа и во обем. Јас немав никакво затегнување на тело нели на мускулатурата и така натаму, се слизнав буквално народски кажано, јас се слизнав по цена на здравјето на бубрезите, страдав цело време протеини нели солено, не сакав јас сум човек што сака овошје природен шеќер и тоа. Тоа ми недостигаше, јас не сум пробала и сега кога јас гледав имаше нели ти самер челенџ тогаш летото кога беше нели предходното. И тоа сакам да го кажам на сите вака сега, гледаш но сега си викаш е како, дали, зошто, хмм викам добро да пробам и само се повлеков назад викам ај не следен пат. И тоа некако кога видов дека има инста фит инста бути.
Ана Стојанова: Значи ти не си од летните ти си од програмите, есенско дете си.
Јасмина Алешковиќ Ченто: И викам јас сум сега спремна, јас тоа сакам да им го доловам на другите не е само да се проба јас ќе пробам ама што понатаму, која е мојата визија цел , мотивација? Зошто го правам тоа , пред се за самата себе како мајки да и нели тоа временски посветување на дете сега како ќе готвам како исхраната. Тоа може секој мислам да го прави да го маневрира со тек на цел ден имам буквално, па и со вежбањето може да се постигне се. Тоа ми беше некако пресудно онака викам ајде сега ќе почнам, јас сум спремна многу е важно психички да сме спремни и да знаеме што сакаме
Ана Стојанова: Што доби главниот бенефит кажуваш дека си го реши проблемот со анксиозност, дека успеа да намалиш килограми да ја средиш таа постпородилна депресија?Што е она што го доби како бенефит кој што мислиш дека е добро да се споделат и на сите тазе мајки и на членовите во армијата, што го добиваат со тоа што ќе се приклучат на нашата програма? Што е она што не прави посебни и малку поразлични од другите?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Тоа вака сега најмногу што нели како што кажав си ја вратив самодовербата, убавината на она која што сум јас како човек која што сум била нели предходно како девојка сега како мајка, поубаво се осеќам ја и имам повеќе енергија. Значи си го организирам и целото време спремањето на си идам од работа јас нели предходно сум од предходната вечер си спремам јас и доручек и ручек.
Ана Стојанова: Значи организација како клучен момент на програмата.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Дефинитивно, апсолутно значи тоа и си доаѓав дома дете нели тоа се, вежбам прво па потоа вечерам негде 8-8 ипол тој период да речам од денот и потоа си спремам ручек и доручек за следнниот ден. Евентуално ако нели нешто сега може и од сабајле за доручек си имаме нели и шејк и сето тоа е толку прилагодливо, значи тоа сакам да им кажам. Јас прво се плашев дека нема да стигнам во тоа леле викам како ќе изменаџирам сето тоа, јас си се средив си се организирав и тоа многу ми помогна премногу.
Ана Стојанова: Имало ли момент на пример кога си сакала да се откажеш од програмата затоа што ти паднало тешко и ако ти паднало тешко ете велиш дека нели и брзо се спрема храна и знаеме дека ни се кратки тренинзите, зошто сепак некој девојки се одлучуваат да прекинат?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Тоа не знам зошто така, најверојатно сега јас не сакам да бидам некоја што ќе осудува.
Ана Стојанова: Не не од причина да осудуваме туку да им дадеме совет, како они да продолжат.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Е така е сега јас за тоа сакав мене многу ми беше во ниеден момент не си реков во себе јас се откажувам, јас и кога нели онака ете знаеме обврски во текот на денот еве и деца дете како да кажам и ти е мака буквално мислам мака па мака знаеш ти паѓа сето тешко. Но во мене длабоко јас знам дека тоа го сакам и јас си викав Јасмина ајде можеш значи самата и по групи на фејзбук нели поддршка толку ми беше кеиф и мило и мерак што имавме таква поддршка и има и ќе има значи во иднина, ние една фамилија сега цело време како фамилија буквално сите девојки од армијата значи толку поддршка навистина премногу ми значеше и не сум се посомневала во ниеден момент да речам сега се откажувам, не немало имало моменти нели на слабост нормално да кснеш нели да онака и сето тоа но пак се враќав зошто знам што сакам.
Ана Стојанова: Балансот е клучен момент покрај организација и континуитет да се пронајде балансот а тоа сметам дека го има со нашите програми затоа што ние нели не сме изложени на гладување. Имаме моменти кога знаеме види да се знае дека ние како армија сме си гурмани,си се лепиме сите жени и си сакаме храна се гледа и по менијата дека и јас си обожавам храна и си сакам да си јадам и имаме моменти кога знаеме да си допуштиме нешто, знаеме да отидеме во кафана ама многу сме свесни дека е и програмиве се тука и ќе бидат засекогаш тука и ние си се враќаме со нив во нормала. Ти изгледаш прекрасно.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Ти благодарам многу, тоа е на тебе.
Ана Стојанова: Изгледаш прекрасно мислам тоа не мора јас да го кажам се гледа, кажи ми мислам знам дека и ја имаш постигната и целта, што е сега твојата цел? Што од кога кога ќе ја постигнеме целта, постои ли такво нешто?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Постои да постои но секогаш може повеќе, ја тоа го кажувам и на сите му го каувам и сега ми викаат Јасмина ти си ослабела убаво се се среди топ. Добро викам не завршува тука за мене ја значи одам понатаму јас сакам да си го оддржам тоа темпо на вежвање на исхрана затоа што знам дека здравје е да значи јас многу кажав мислам дека многу се освежив како да кажам ете некако да се изразам така, убаво на душа повеќе енергија сила значи самиот начин на исхрана не е диета јас не можам да им објаснам на сите кога ќе кажат диета, не мислам јас кажувам дека тоа е начин на исхрана. Затоа што јадеш значи јадеш ама јадеш здраво јадеш балансирано нормално онака. Мислам и со вежбањето 15 минути 20 пола саат на ден мислам сите имаме. Додека гледаме серија па може додека гледаме серија да вежбаме, ама нема да те слушаме нели тогаш. Но може навистина се може да се постигне и како родител еве како мајка да може детенцето тука го гледаш пред тебе е да си вежбаш 15 минути мала издишка да си дадеш и на себе. И поубаво е после мислам понатаму многу поубаво и за спиење и порелаксирано мислам дека многу ќе дај боже да им еве помогне сето ова што јас го кажувам да ако го имале проблемот плус нели со ансиозност и тоа, да пробаат значи и да почнат ама да пробаат од што сакаат а не само да пробам и потоа да се откажам.
Ана Стојанова: Сметаш ли дека поддршката од дома е битна, дали ти имаш поддршка дали твојот сопруг исто се е дел од армијата дали твоето дете не знам дали спомна на почетокот колку деца имаш?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Едно детенце имам да дечко 8 годинки, јас и пред тоа мислам како да кажам да многу е важно и поддршката. Ме поддржува со мене вежба синчето.
Ана Стојанова: Дали се хранат сите по наша исхрана?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Па малото делумно да, сопругот да и не така но јас си се придржувам значи на исхраната сега како да кажам. Сакам и тие нели тие на менито што имавме некој оброци.
Ана Стојанова: Постепено да им го воведеш.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Да да постепено така да го воведам и малото обожава да вежба значи толку тоа ми е ајде мама станувај да вежбаме и така ќе осетат сите мајки нели како да кажам, да се има една цел да се знае јас тоа пишував и во групата можеби таму ме имаше со девојките со жени мајки сите..
Ана Стојанова: Те знаат во групата.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Јас јас ги мотивирав почесто за да знаат ете каква јас сум била, колку многу влијаело и физичкиот изглед врз мене нели самото така тело постепено нели така и ете промена најверојатно и си се чувствуваш сам во себе. Вика како се чувствуваш внатрешно изгледаш и надворешно. Тоа сакам да им го доловам да им го кажам дека можат башка се мајки мислам како да кажам жени ние можеме.
Ана Стојанова: Има значи многу жени велат немам мотивација или почнувам губам мотивација или немам време.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Зошто тоа така еве не знам, можеби некој ете ради некој икс причини најверојатно губат мотивација. Сега јас на пример еве кажав дека не сум изгубила мотивацијата во ниеден момент не сум нели рекла јас сеа тука ќе се откажам, не знам тука зошто.
Ана Стојанова: Сметаш ли заради тоа што на пример ти си имала 10 килограми, 10 килограми за нашите програми се релативно мал број на килограми кои што многу лесно се достигнуваат во рок од 3 месеци па можеби и помалку. Дали сметаш дека тоа е една од причините као целта ти била многу лесно достижна па затоа некој девојки не знам што имаат 50 40 па и 30 килограми за симнување си велат не знам предолг би бил овој пат и од старт се демотивирани. Што би им кажала те прашувам тебе иако си го немала тој проблем но си се соочувала со анксиозност со депресија, верувам дека и они се чувствуваат или се чувствуваат сега во моментот и не знаат како да се справат. Ти си покомуникативна по си друвштвена го споделуваш тоа што го чувствуваш но има девојки кои што се многу затворени. Каков совет би им дала?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Сакам да им кажам значи да не се откажуваат многу значи длабоко во себе, е сега сите сме различни, на различен начин значи различно ги симнуваме килограмите значи различно и сето тоа нив можеби им влијае сеа гледа таа друга викаат еј оваа симнува, тоа баш нај гледав во групата што се случува. И сега викаат еј симнав јас толку за еден месец 5 кила нели килограми.
Ана Стојанова: А другата и вика јас па волку, си се споредуваат.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Не сакам сакам да им кажам да не прават споредба, секое тело е различно. Значи јас имаше период на стагнирање значи стагнација и сега како гледам на пример и викам океј јас не се мерев на вага едно два месеци.
Ана Стојанова: Ама си осеќаш напредок.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Не гледав на алиштата многу во обем, јас таа 4 та некоја недела јас си се осетив дека јас навистина нели се слизнав буквално. И тоа сакам да им кажам да не се споредуваат да имаат цел тоа им го пишав јас во еден пост, значи мора да знаат зошто која е целта.
Ана Стојанова: Тој пост така и те пикирав и викам морам да ја викнам да разговарам со нејзе.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Тоа сакав многу мотивацијата која да си ја најдат самите себеси мотивацијата, што ги мотивира за да идат напред нели ете и не мора да мерат килограмите, да си се чувствуваат самоуверено во себе.
Ана Стојанова: Самото тело ќе ти каже полесно ми е полесно ги искачувам скалите, можам да испешачам без да се задишувам убаво се осеќам кога ќе се видам едноставно ти се враќа свежината ти се враќа енергијата и убаво се чувствуваш. Кажи ми како дозна за програмите?Дали некој те препорача? Дали ти препорачуваш? Дали си имаш околу тебе мала блиска армија?
Јасмина Алешковиќ Ченто: Армијата ми сте вие, фамилија значи јас видов на инстаграм рекламата но ти кажав тогаш дека гледам викам самер челинџ тоа не бев спремна едноставно јас кажувам кога треба да се осети човек психички. Видов викам јас сега сум јас одам напред значи имам цел знам што сакам и понатаму. Сега јас сум таа што им кажува дека не е диета како што се гладува нели како што се симнуваат килограми ненормално па има јојо ефект. Јас да сум кснала нели нешто ајде да речам сега овој период ете, јас сум пак таа што сум значи ни плус ни минус значи многу го осетив тоа кај мене. Како гледам нема јојо ефект значи убаво ми е.
Ана Стојанова: Работата во тоа што пример спомна дека си на хроно нема ни да спомнувам останати диети, тоа не е нешто што можеш да го држиш на долг период ама не е нешто што треба да се водиш до крајот на животот. Убавината на оваа програма е што ти можеш да ја водиш буквално до крајот на животот без да ти се случи нешто, напротив да си подобриш крвна слика да си вратиш расположение, да победиш депресија, да си ги вратиш килограмите да си накачиш за тие што сакаат да накачат, на здрав начин и плус да стекнеш пријателства во нашата група.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Да да и тоа заборавив да кажам за крвната слика и тоа плус јас предходно значи хемоглобини ниско железо. Јас викам ајде сега нели почнав со исхраната негде таму месец два викам ајде да направам крвна слика, јас се чудев колку може да се измени тоа сето хемоглобин железо значи од секогаш сум имала проблем со слабокрвноста. Јас толку многу викам си се засакав буквално и начинот на исхрана на се и подготовката и понатаму и се. И ми беше многу фино убаво се чувствував, повеќе енергија значи и спиењето е многу важно еве сакам да им кажам на мајките нели за доење, многу е важно хидратацијата значи нели со доењето и така натаму по две до три литри и тоа многу важно. Јас и не пиев вода искрено не пиев вода ама се распив вода значи почнав да пијам вода и тоа сакам да им го кажам да си јадат нормално како што си си јадат колку што им се јаде. Да не се форсира сеа стануваш нели од сабајле па ти е тешко за подготовка, самото мени нели кое што го имаш.
Ана Стојанова: Затоа имаме и различни опции, богата исхрана каде што не мораш ти стрикно да се водиш аха денеска понеделник немам овес, готово ќе идам бурек ќе си купам. Не имаш од четврток петок сабота недела уште милион избори за да си направиш нешто што го имаш во фрижидерот. Заради тоа имаме и шопинг листа некако сме подготвени да не можеш да згрешиш, а ако згрешиш стварно или немаш желба или не си решена како што спомна ти во главата сама со себе.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Психички тоа е многу важно значи многу многу важно, затоа викам пред да се почне да се одлучи дали сакам или не самите во себе да се запрашаме мојата цел мотивација што јас понатаму како да пробам. Затоа пак ќе повторам не е само за да пробаш да пробам спремна да си онака психички длабоко во себе да знаеш дека тоа ти го сакаш, тоа е многу важно.
Ана Стојанова: Точно, ми се допаѓа и намерно ја водам таа комуникација со девојките затоа што на пример кај нас не е ајде дојди приклучи ни се, не не се приклучувај во армијата се додека не ти светне сам во главата дека си за во нашата група. Затоа што од кога ќе влезеш кај нас ти сигурно успеваш. И тоа е тоа што сакам затоа сме армија затоа се поистоветуваме со војници затоа што кај нас влегуваат жени решени онака баш маваат на маса, јас идам газам доминирам доминирам у смисла не сум над другите ама се победувам сама себе. Затоа сакам да им кажам на сите луѓе истото и ти им го кажа на сите девојки, ако си решена влези во армијата ти ќе успееш, ако не почекај го правиот момент групи има се отвараат ама кога ќе влезеш има кој да те пречека. Јасминче фала ти многу што дојде, значи многу брзо ми помина со тебе времето ние можеме до утре да зборуваме, се најдовме и двете муабетчики.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Фала многу значи јас сум ти пишала благодарам што постоиш, значи направи бум едноставно сите жени значи таа армија јас си ја чувствувам и ја сакам како фамилија, значи ти си толку си мила знаеш на сите тоа сакам да кажам.
Ана Стојанова: Фала ти многу.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Станав јас тука сега.
Ана Стојанова: Нема везе секако ни заврши емисијата, емисијата тоа е тоа , нема везе бе сакав да те гушнам стварно ни беше овоа за нас, тоа е тоа.
2 часа подоцна.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Им кажувам не сакам јас да им се наметнувам, значи воопшто не сум таква наметлива ама јас знам која сум што постигнав. И друго све освен тоа значи многу ми е важно за анксиозноста депресијата навистина многу ми помогна премногу премногу дури и онакае тоа сакам да им го кажам и на другите. Е сега сакам пак муабетот нели да почнам ама чекај ама зошто не не мора ја да ти сам треба да одлучиш
Ана Стојанова: За тој не треба ни да ги молиш.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Јас дури знаеш како викам леле сега да пишам се сум за инста фит или за инста бути, одма ми врати ти си за инста фит.Викам леле алал да му е на девојчето свака част значи толку си онака душа сакаш сите да не воведеш во ред, а не е мала работа со толку жени, многу жени се.
Ана Стојанова: Ама ни успева.
Јасмина Алешковиќ Ченто: Успева ама со поддршка и на други.
Ана Стојанова: Најмногу ми се олесна работата кога се направи групата, и кога се значи реално 90 посто ми се олесна работата.