Марина М. Арсовска
Погледни ја инспиративната приказна на Марина во видеото подолу.
Ана Стојанова: Маринко прво фала ти што се нафати да бидеш дел денеска од емисијата на армијата, имаш стварно голема приказна и мислам дека треба да ја слшнат девојќите. Иако поголемиот дел оние кои што се постари војници те знаат веќе си препознатлива посебно стана позната со последниот рил Марина иначе сака да си прави рилови и го има и тој талент ја бива и за тоа. Ајде представини се за девојќите што не те знаат, која е Марина? Колку години имаш? И колку време си дел од армијата?
Марина М. Арсовска: Прво ти благодарам и на тебе што ме покани јас ми е навистина чест што сум сега овде, значи тоа е за мене еден голем успех. Јас сум Марина имам 38 години, мажена сум и сум мајка на две деца 16 и 7 годишни. По професија сум здравствен работник или работам како радиолошки технолог. Во армијата сум веќе добри две ипол години што значи нели стар војник.
Ана Стојанова: Браво браво, пред да те прашам за нашите програми сакам да ми опишеш што се случуваше пред да влезеш во армијата, дали имаше пробано некој диети, ако си пробала што со тоа зошто не си продолжила со нив? Чисто онака да не воведеш.
Марина М. Арсовска: Значи мојот почеток е сосем различен од она што сега сум и зошто сум овде, морам да бидам искрено дека почетокот беше од некој мои здравствени причини и тука има една малце приказна која што сакам на кратко да ја раскажам. Е сега за да издржам цели овие две ипол години веќе има и друг мотив меѓутоа првичната причина беше здравствена. Јас во текот на првата бременост односно пред добри 17 години се стекнав со умбиликална хернија или тоа е папочна кила и диастас на абдоминалните мускули што значи имав буквално во буквален превод дупка во стомакот. И веројатно кога сум била помлада тоа сум била и по слаба сум била и по енергична по физички активна не ми представувало проблем. Меѓутоа во текот на втората бременост кога навистина многу килограми вишок ставив значи имав повеќе од 25 килограми ставено, ми настанаа сите компликации. После бременоста значи јас мислев дека исто како и после првата бременост килограмите ќе си отидат и сме го решиле проблемот, меѓутоа не беше така тука имав психички малце по лабилен период, јадев многу брза храна буквално се деформирав значи целосно се деформирав. И сфатив дека проаѓа време проаѓаат години мене килограмите ми останаа онака засекогаш.
Ана Стојанова: И што се случи тука дали проба некоја диета?
**Марина М. Арсовска:**Тука имав една компликација заради таа дијагноза што си ја имав или таа кила што си ја стекнав. Ми се искомплицира и тоа на работно место буквално паднав на земја ме добив такви јаки болку да не можев да станам а бев на работно место, среќа работам во болница па тука хирург одма ме прегледа и ми рече дека ова е аларманто и дека мора одма да се оперира. Искрено мене ме исплашијас иако сум здравствен работник иако сум медицинар сепак за мене тоа навистина страшно и реков има ли нешто друго да направам за да можам да го решам проблемот а да не се оперирам? Докторот беше скептичен меѓутоа рече пробај пробај со физичка активност пробај со не знам да симнеш некое кило зошо јас тогаш веќе имав скоро 20 килограми плус.
Ана Стојанова: Мислиш ли дека килограмите биле причина за таа дијагноза?
Марина М. Арсовска: Не не јас си ја имав меѓутоа кога бев по слаба си ја држев под контрола, меѓутоа кога ги имав 20 килограми вишок веќе тоа доаѓаше до компликации на сето тоа и беше навистина страшно. Јас реков се ќе направам само за да не се оперирам и тука почнаа сите тие мои лутања и голготи. Почнав милион диети значи ун, протеинска, хроно , не знам аткинсонова диета, липосукциска , фастинг уште што не и тоа мислам дека направив повеќе штета од колку што направив добро буквално.
Ана Стојанова: Што се случи?
Марина М. Арсовска: Направив некој хормонален дизбаланс, пореметив менструален циклус, косата ми испопаѓа значи буквално пола остана на мене. Бев постојано нервозна, гладна со главоболки мислам дека тогаш добив и мигрена.
Ана Стојанова: Дали во тој период само гледаше да пазиш да се водиш по некоја диета или и вежбаше во истиот период?
Марина М. Арсовска: Почнав и сама да наоѓам некој начини да сае физички активирам. Почнав да одам во теретана, почнав да трчам на кеј, почнав да возам велосипед.
Ана Стојанова: Без компас.
Марина М. Арсовска: Буквално без компас.
Ана Стојанова: Си ја даваш енергијата која што ете ти си била до некаде решена да направиш промена не си знаела како и енергијата си ја трошиш гледаш дека нема резултат и само се повеќе и повеќе се демотивираш.
Марина М. Арсовска: Баш така на крајот наденот сваќав дека се е тоа залудно зошто јас бев нервозна без енергија, немав време буквално за децата дома, немав време за себе ми одземаше по 3-4 саати во текот на денот и на крај не добивав ништо. Сватив дека мене апсолутно ми е протребен некој што нели ќе ме води во тој процес на здрав начин и физичка активност.
Ана Стојанова: Тука нели се појавува мојата програма и ме интересира имаше ли некоја пречка кога ја виде мојата програма? Го прашувам тоа од причина многу ми е лично мене ми е задоволство да разговарам со некој што е малку постар повозрасен од мене. Како ја стекна ти довербата во мене, кога ме виде не рече ли а уште едно девојче нешто или не знам уште една инстаграм звезда? Како ја стекнав јас довербата кај вас кај малку по возрасната публика?
Марина М. Арсовска: Во тој период значи јас бев цврсто решена дека сака да направам некаква промена, и тогаш баш фати и тој период на карантини, на корона , на затварање дома и онака буквално бев у депресија. И ми излезе на инстаграм го отворив твојот профил направив неколку пораки си разменивме тогаш уште пред две ипол години. Она што го видов кај тебе на инстаграм во твоите нели хај лајтс сториња она што ти имаше да ни го кажеш за мене беше толку убедливо, јас воопшто не се двоумев. Знаев дека сакам нешто да променам и сакам некој стручен кој што ќе ме води во тоа. Ти мене ми делуваше многу стручно дека си ја знаеш работата и затоа и ти верував, и еве после две ипол години се испостави дека не згрешив.
Ана Стојанова: Уште сме заедно и се посилна и посилна ни е врската. Ајде сега од кога влезе во армијата што ти беше пресудно да повершуваш дека ова е програма за тебе така? Да речеме нели не се знаеме , не сме си блиски пред две ипол години јас сум нели Ана која што навидум личи дека може да ми помогне велгувам во програмата сеуште има знак прашалник и сум по малку скептична влегувам внатре гледам, и што е тоа што те освои на прва?
Марина М. Арсовска: Јас пак ке бидам искрена кога влегов во програмата нели влегов прво нели дека сакам да бидам малку физичка активна дека сакам нели малце да променам дел од своите навики, не очекував дека ќе направам животни промени. Кога влегов во програмата јас сватив дека е уствари тоа цел режим и цела програма што некој ни ја направил и ние само треба да ја спроведаме.
Ана Стојанова: Ти направил пат.
Марина М. Арсовска: Да направен е патот а јас само треба да го следам, буквално со исхрана со осмислени оброци, појадок, ручек, вечера поделени по макро микро нутритиенти, протеини, јагленихидрати.
Ана Стојанова: Без многу да мислиш без ништо да.
Марина М. Арсовска: Да без да се замарам значи јас само треба да погледнам во текот на денот предходниот ден дури имам и шопинг листа значи некој Ана ни смислила и шопинг листа да јас не дозволам мене нешто дома да ми фали. Да си набавам све што ми е потребно сите тие твои едикации кои што тука следеа, сите тие твои начини да не освестиш нас дека ова не е диета дека ова не е измачување тоа е она што мене ме убеди дека јас сакам ова да го правам и дека ќе успеам во тоа.
Ана Стојанова: Колку килограми намали? Не знам дали прашав во самиот почеток.
Марина М. Арсовска: Ако ги земеме вкупно.
Ана Стојанова: Од самиот почеток.
Марина М. Арсовска: Вкупно од самиот почеток веројатно се негде околу 20 килограми не сум точно сигурна бидејќи и јас тогаш искрено и не се многу мерев затоа што мислев дека мене генетиката така ме предодредила и после бременоста е тоа нормално да бидеме така нели со стомаци и со колкови. Ама се на се некаде околу 20 килограми.
Ана Стојанова: Видеото кое што го направи пред месец дена беше пресудно нели за да те викнам денес. Имаш толку голема трансформација и кога мислам на трансформација не мислам само на намалени колограми, иако и тоа фасцинантно самиот број 20 килограми без разлика што станува збор за 2 ипол години. Кај тебе ти си целосно променета обликот на телото е променет, премногу си значи многу си позгодна од тоа што беше предходно како друг човек нели ако порани мислеше генетиката е таа што те спречува сега сама на себе си докажа дека не било така. Сега кажи ми кој бенефин го доби со влегување на програмите покрај тоа нели што се изваља и изгледаш прекрасно.
Марина М. Арсовска: Бенефити лично имам јас многу, тој првиот бенефит што го спомна физичкиот изглед е нешто што мислам дека си го добивме гратис покрај сите други нели придобивки што ги имаме. Сите оние работи кои што ги добиваме на здравствен план значи тука е не знам лично кај мене јас сум си ја решила таа кила односно ја држам под контрола не може да се реши меѓутоа ја држам под контрола. Знам голем број на девојки во групава кој што решиле хормонален дисбаланс, решиле пореметени параметри во крвта, ликемија, холестерол значи сето тоа е она што си го носи дебелината нели, а ние сме го решиле значи тоа е еден од поглавните бенефити и она што е нешто што јас го добив и ми е придобивка и за цел живот верувам дека е тоа што јас стекнав овде фамилија. Имам без број пријателства имаме поддршкаа една со други група во која што има несебично поддршка и сетоа тоа верувам дека е најголема придобивка.
Ана Стојанова: Што те задржа да влезеш и да останеш во армијата. Кога спомна фамилија ми текна да те прашам дали и твојата фамилија се води по начинот на исхраната на амријата?
Марина М. Арсовска: Јас сум така малце повеќе поборник да ја спроведувам исхраната па дури и во фамилијата, сопругот е еден од нив на кои што сум успеала да делувам. Значи тука е и он.
Ана Стојанова: Ако дозволи сопругот ќе ставиме сега на квадратче и како изгледа тоа и колку има намалено затоа што стварно огромна трансформација има кај него.
Марина М. Арсовска: Има трансформација кај него затоа што и он профати дел од моите навики, свати и тој дека не е ништо тоа нели иако и он имал низ годините доста правено она минус плус, меѓутоа со овие програми сфативме дека тоа не е нешто што е измачување туу е задоволство.
Ана Стојанова: Имаш постигнато колку толку си задоволна од целта која што ја имаш постигнато но сепак знаеш дека иако ќе се постигне целта тука не ставаме точка и тоа не е крајот. Што е тоа што те натера да мислиш така и велиш дека си 2 ипол години во армијата и сепак продолжуваш да бидеш дел од нашите програми. Што е тоа што те држи?
Марина М. Арсовска: Па ако на почеток беше првично нели таа некоја здравтсвена причина со која влегов, сега веќе јас од како сум во програмите сваќам дека буклано се што не сум мислела дека можам да го постигнам, можам да го постигнам. Гледајќи ги сите тие трансформации еден куп жени кои што ги има девојки па дури и по возрасни од мене, постигнуваат такви резултати едноставно си викам зошто па јас да не можам. Тука има таква мотивација и гледаме такви приказни да буквално знам дека можам и јас. Влегуваме во еден натпревар самите со себе и од програма во програма сваќаме дека сме све подобри и подобри и знам дека со секој наредна програма можам да станам уште подобра верзија од себе и секој пат нели целам кон малце погоре.
Ана Стојанова: А дали се случило во овие две ипол години и покрај нели тоа што имаме и кратки вежби и брзи рецепти, да изгубиш мотивација и оноа да речеш јас ќе се откажам од програмата?
Марина М. Арсовска: Не да се откажам од програмите не ми дошло никогаш искрено, меѓутоа дека сум губела мотивација сум губела тоа е.
Ана Стојанова: Што во тие моменти?
Марина М. Арсовска: Во тие моменти..
Ана Стојанова: Те прашувам затоа што кога беше короната кога беше најстрашниот период, ти имаше таква работа да мораше да бидеш во болница облечена во скафандери тоа е премногу стресно тоа со себе си носи и не знам депресија те влече надоле психички проблеми, како ти успеа да се справиш во тој период затоа што ти во тој период се воздигна нагоре?
Марина М. Арсовска: Првично нели ми беше целта која што ја сакав да си помогнам сама на себе да си го решам тој некој здравствен пробмел а понатака јас лично осетив многу бенефит и од целата работа од сите овие програми и сватив дека нели сакам да го правам ова дека ова е за мене и ќе го правам и покрај тоа што значи ќе најдам време во текот на денот не е дека немаме време. После работа место да излезам надвор на пример на клупи со комшики јас ќе си извежбам, место вечер да излезам не знам во кафана јас ќе си извежбам јас пак сето тоа ќе го направам меѓутоа ќе си најдам време што ќе си го посветам на себе . Тоа е она што сакам да кажам дека све е до приоритетите што ќе си ги поставиме, јас сум решила дека ќе го правам ова и имало моменти кога сум се демотивирала, пример во тие некој стресни периоди. Сум доаѓала до ситуации да каснам и благо и да изедам парче торта пример или не знам.
Ана Стојанова: Што не е погрешно и не е нешто дека сме за бесење ако го направиме тоа.
Марина М. Арсовска: Што не е нешто за осудување меѓутоа утредента јас сфаќам дека јас сакам да го правам тоа што го правам и продолжувам да го правам бидејќи се осеќам убаво имам енергија.
Ана Стојанова: Си си го пронашла вистинскиот баланс. Искрено кај тебе најмнгоу ме восхитува тоа што успеваш да си го организираш времето, да патуваш секој ден да се враќаш, да се организираш кога ќе те видам на фејзбук ќе објавиш слика како предходно си се спремила од вечер и појадок си го направила ручекот, мене лично што сум во ова професија не знам дали имам толку голема мотивација како тебе стварно си ми пример за жена борец и си за восхутување и си заденеска да си тука и да се снимаме. Еден голем пример за девојките голем херој.
Марина М. Арсовска: Фала ти.
Ана Стојанова: Која е твојата тајна? Што е тоа што тебе те мотивира? Ете свесна си дека пишуваат немам мотивација немам време знаеме, дека не е така мотивација се губи но од каде ја црпиш ти мотивацијата и дали реално немаме време, кој совет имаш да им го дадеш на девојките?
Марина М. Арсовска: Јас првично кога ке слушнам или прочитам некој дена нема време, тоа е апсолутно најголема лага што може да постои и најголем изговор. Значи не постои некој дека може да ми каже дека нема време, значи кажа еве и ти јас нели жена со две деца пропратни обврски што си ги имаме во текот на денот патувам плус 100 километри дневно работам о друг град не работам во Скопје, стресна работа работам раборам со пациенти тешки помалку тешки значи сето тоа си носи стрес меѓутоа на крајот на денот пак останува на ова што ќе си го зацртаме како приоритет. Значи јас сум си зацртала некаква цел имам приоритет и јас че успеам во тоа. И се е до начинот на организација и до она како ние ке си го организираме денот. Имаме шопинг листа имаме намирници што треба да ги имаме дома, тоа што треба да го имам го набавувам предходниот ден или недела предходно. Од вечер јас ке си ставам ке си подготвам дел од оброците што треба да ми се во текот на утрешниот ден, додека ми се прави ручек јас можеби и ке извежбам така. Утредента место да спијам плус пола саат или саат јас ке станам порани ке си подготвам оброк доручек ке си земам ужинка место да застанам во првата пекара јас имам спремно све со мене. Си носам дали овесна каша дали тортиља со нешто со јајца со туна буквално има прекрасни рецепти да не помисли човек да застане и бурек да купи.
Ана Стојанова: Браво знаеш што убаво убаво ми е да те слушам само кога зборуваш стварно да му е мерак на човек да влезе и да го направи тоа. Дали би како го дозна ова и дали би препорачала на некој твои најблиски? Верувам дека околу тебе имаш круг кои што нели и мене ми е многу познат, ама сакам да им го споделиме тоа и на девојките.
Марина М. Арсовска: Јас првично дознав преку инстаграм тогаш во тоа време нели бев цврсто решена не се многу консултирав со другарка/пријателка си влегов свесно значи знаев што правам, меѓутоа сега после толку години дури и некој луѓе кои што ме немаат видено од дамна или не сме се виделе со месеци/години онака рандом на улица ме застануваат чекај да те прашам ти си кај Ана Стојанова да споделиш искуство онака, ме прашуваат и мене ми е тоа задоволство. Јас насекаде јас препорачувам програмата, знаат и сите и на работа колеги знаат и комшики пред зграда знаат и моја фамилија дека јас сум зањубена во програмите и постојано зборам за нив.
Ана Стојанова: Фала ти.
Марина М. Арсовска: На секаде ги препорачувам затоа што нема нешто што може човек да го спречи за да биде истраен во таа програма
Ана Стојанова: Фала ти, имаш ли уште нешто нели слободно ако сакаш да споделиш со девојките нешто што не те прашав јас а сакаш да го споделиш со нив?
Марина М. Арсовска: Па мислам дека се си кажавме, не знам дали напоменав дека тренинзите ми се онака баш сите ми се одвај чекам да излезе нова програма нели за да имаме нови тренинзи. Баш се онака кратки ефективни за краток период можеме да го постигнеме нели она што сме си го замислиле. Не се тренинзи ако некој замисли дека мораме да губиме саат два или во текот на денот. Тоа е она што мене вака ме врзува за програмите, друга работа е да не се демотивираат секој пат значи да си ја зацртаат целта и да си се водат по неа, да не губат фокус ако згрешат една вечер утре дента нека си исправат и уште по силни нека продолжат понатаму.
Ана Стојанова: Фала ти Маринко стварно многу ми беше задоволство што си денеска тука и мелем за ушите си ми.
Марина М. Арсовска: Ти благодарам и на тебе се надевам ке се дружиме пак.
Ана Стојанова: Обавезно.