PEACH ARMY HERO: Мартина Иванова

Мартина Иванова

 

Aна Стојанова: Прво нели фала ти што дојде што беше  денеска т.е што си дел од хероите, имаш огромен резултат и сакам да го споделиш со армијата сакам да им кажеш на кој начин функционираш како си се снашла во програмата, мислам дека ќе им биде стварно од помош. Која е Мартина, од каде доаѓа, колку години имаш, дали си мажена, и што сакаш да ни споделиш?

Mартина Иванова: Прво да ти се заблагодарам за поканата, стварно ми е многу мило што ете  официјално  и конечно те запознав, многу ми е мило значи стварно ми беше задоволство да го прифатам ова. Која е Мартина, Мартина е ајде да кажам триесет скоро триесет годиншна жена мажена сум да имам две дечиња, три години и сега за брзо годинка. Вработена сум во централна кооперативна банка, работам како стручен соработник за благајничко работење. Па тоа е во принцип тоа е така која сум јас ете така накратко да кажам значи.

Aна Стојанова: Аха, која беше Мартина пред да ги дознае програмите?

Mартина Иванова: Па значи ајде ќе  кажам на некој начин да бев  спортски тип, многу често  вежбав т.е не многу често  искрено две години бев  редовно одев во теретана, многу често пешачев значи ми се случуваше од дома до работа од работа назад да одам пешки,гази баба ми беше значи редовна, единствено ајде да кажам исхраната малце  ми беше проблем да значи од една страна знаев што да јадам меѓутоа од кога ги запознав програмите на Ана уствари сватив дека многу сум правела грешки, во однос на мешање значи еден производ со друг производ што не се мешале. Немав некој  специфичен голем проблем околу килажата се до втората бременост каде што нели се случи ковидот ковид мерките, останав дома не одев на работа да дојдам до искрено на пораѓај да отидам со девеесет кила што беше за мене ајде да кажеме еден вид на колапс. После се случи нели од кога си се породив све да сум седумдесет и осум килограми што реално мене ми смета и никогаш во мојот живот  јас не сум била со седумдесет и осум килограми, значи доаѓа момент да облечам чизми до пола нога и чизмата не влага, и едниставно се решив дека сега е моментот да прв пат во живот значи јас до сега не сум била стриктно на некоја програма нешто свое да искомбинирам,  меѓутоа сега више беше моментот да почнам со нешто и прво нешто што беше викам ова ќе бидат програмите на Ана дефинитивно.

Aна Стојанова: Фала ти, дали кажа дека предходно си немала проблем со килограмите туку  тоа е нешто скоро за време на короната за време на  втората бременост. Значи тоа беше прв пат кога ти се соочи со вишок на килограми?

Mартина Иванова: Прв пат, може некој краток период нели оној пубертет период кога едноставно те тера огранизмот да јадеш, не се контролираш, меѓутоа и тоа беше кратко потоа си ослабев и стварно не сум имала некој специфичен проблем, јас во принцип сите што ме знаат знаат дека сум слаб човек, меѓутоа сега можам да кажам  дека никогаш во живот не сум била слаба, значи дури и девојка кога сум била ајде девојка не сум ни кузнае колку постара ама пак да кажам и пред да се омажам и пред да станам мајка не сум имала проблем со килограмите.

Aна Стојанова: Искрено така ми изгледа не можам ни да те замислам, како ми рече колку имаше девеесет кила?

Mартина Иванова: Девеесет кила, а после пораѓај седумдесет и осум килограми.

Aна Стојанова: Не можам да те замислам сериозно, ама нели ќе ми испратиш слика баш би сакала тоа да го видам и да го споделиме со армијата, стварно е огромна мотицавија поготово за мајки коишто се соочуваат сега со период и самата знаеш  си поминала низ тоа колку е тешко да се вратат килограмите после бременост. Баш супер што си тука и да ги измотивираш. Кој момент беше пресуден за тебе и рече оваа програма сигурно ќе ми помогне, или еднставно влезе па ајде што биде нека биде.Кој момент онака беше пресврт?

Mартина Иванова: Пробав панталони да облечам едни, така прилично мои омилени да кажам, ми влегоа до пола нога, нагоре не сакаа да одат и едноставно решив дека и не само за тоа сакав да си стекнам некои навики во однос на исхраната значи во денешно време толку брзо време имаме такаво е времето всушност, гледаш на брзина доручкуваш некогаш ручаш некогаш не ручаш, вечерата се прескокнуваше. Стекнав навики за исхраната значи да имам редовно три оброци избалансирани оброци, дури и во случај да у тој ден  неможам пример да се водам по програмата знам што треба да внесам како треба да внесам и тоа искрено ми стана навика да кажам што се трудам колку можам да го пренесам дома и нели на моите.

Aна Стојанова: Колку вкупно килограми успеа да намалиш со програмата?

Mартина Иванова: Епа програмата ја почнав значи април месец април 2022 со седумдесет и осум килограми сега сум педесет и три килограми.

Aна Стојанова: Освен килограмите кажи ми какви други промени забележуваш кај тебе? Што е она што го диби како бенефит? Како се справуваш на пример не знам со оброците? Ете помогни им на мајките често знаат во групата на мама фит да се пожалат немам време да ги спремам оброците.

Mартина Иванова: Тоа дека нема време малце не се согласувам со тоа, реално јас со две деца дома и со обврски значи целокупните домашни обврски со тоа што нели и одам на работа 8 саати сум таму, се наоѓа време пример јас за моите лично за моите оброци од сабајле знам да станам порано дали да извежбам ако моментот можам, ако не пример доручекот си го спремам од сабајле ручекот секогаш сега е секогаш некогаш го спремам дента, меѓутоа некогаш ако немам  доволно време  од вечер ќе го направам,за вечерата  во секој случај сум дома значи дваесет минути пола саат секој може искрено да си одвои воопшто не е проблем да се направи нели време и за оброци за вежбање за све.

Aна Стојанова: Само ако се има доволно желба и без да се бараат изговори

Mартина Иванова: Точно само најбитна е желбата искрено јас имав огромна желба и таа желба сеуште ме држи еве за два месеци ќе биде цела година значи ,желбата кај мене е за уште понатака значи воопшто не ми е изгубена.

Aна Стојанова: Која е следна цел? Што сакаш да постигнеш?

Mартина Иванова: Следна цел ги чекаме твоите нови програми.

Aна Стојанова: A до тогаш?

Mартина Иванова: До тогаш одиме по програмата на инста фит,значи јас моментално сум на програмата на инста фит.

Aна Стојанова: Значи ја следиш и кога не сме баш многу активни ни во група ни на инста фит.

Mартина Иванова: Точно, дури  да ти кажам искрено и за празнициве сите се жалат еј волку јадев онолку јадев, јас искрено па и не јадев толку многу значи или пример ако знам дека денеска  може малце повише ќе внесам,ќе направам дупли тренинг или ќе ги помешам понеделник со вторник со среда, гледам значи да си го дозволам тоа што сакам. Убаво памтам имаше едни твои сториња за порок да не го наречам порок за исхраната значи ако денеска решам дека ќе јадам пример малце повеќе, ќе направам дупли тренинг и денеска меѓутоа и утрешниот ден за да се изгуби тоа што се изело.

Aна Стојанова: Не мора да гледаме на тоа како измачување како денеска каснав па ајде утре сеа ќе си ја извадам душата, туку денеска ќе си дозволам ама затоа од утре више ќе си продолжам ама нема да се демотивирам и ми се допаѓа тоа што секоја девојка како имам повеќе интервјуа сите го начиле и сите функционираат на тој принцип и стварно ми се свиѓа тоа што е така.Најголемите два проблема нели ти веќе сподели кажа како функционираш ти,ама најголемите два проблема се немам мотивација или немам време. Што те мотивира тебе најмногу? За времето ми кажа како се снаоѓаш.

Mартина Иванова: Па кога ќе се погледнам во огледало толку значи, или нешто кога ќе треба да облечам што не ме собирало а сега гледам како ми стои, тоа ми е пример голема мотивација. Да и мене некогаш знае да ми се случи ете уморна ќе се вратам ми доаѓа да легнам,  едноставно само што ќе отворам или пример на фејсбук ќе отворам во групата ко ќе видам девојќи што извежбале, викам стани Мартино што си ти по вакво можеш да извежбаш едниставно толку ми требаат две три минути додека трае загревањето,после тоа можам и два три тренинга да извежба, немам никаков проблем.

Aна Стојанова: Битно е дека нема секогаш да има мотивација.

Mартина Иванова: Тоа да точно се случува да нема мотивација, меѓутоа гледаме да идеме на тоа да го победиме. Тоа немањето на мотивација со сами себе да си дадеме мотивација.

Aна Стојанова: Велиш дека групата исто те мотивира, активна ли си таму или едноставно само сакаш да цирнеш што се случува?

Mартина Иванова: Не, сум активна може сега овој период малце не сум, меѓутоа бев доста активна значи со постирање на слики со постирање од оброците, постирање на слики од тоа што каква бев јас пред програмата кога ќе ја почнам програмата и какви се сега значи, сакам да дадам мотивација на тие девојки што се таму, имаме многу пример членови што се веќе оддамна, има сега што се нови сакам да покажам ако сум успеала јас, можеме сите да успееме значи може буквално сите да успеат едноставно сакам да давам мотивација и има многу девојки што ги гледам што во групата што едноставно и на мене ми се мотивација, по изглед по све.

Aна Стојанова: Те прашувам затоа што знам дека ќе го гледаат ова многу девојќи и знам многу девојки кои што се срамат да ни пишат во групата, едни се срамат од тоа што сеуште не го постигнале резултат велат дека сеуште не се задоволни со својот изглед и затоа ги повикуваме и јас и ти сите да споделат слика дека ништо не е срамно и дека сите се соочуваме со тоа.

Mартина Иванова: Секогаш се почнува од нула значи буквално јас почнав од нула значи нема потреба од срамење или нешто конкретно,значи секогаш кога почнуваме нешто почнуваме со секоја цел,подобро да се види од нулата па како има напредок да си се гледаат понатака значи воопшто нема потреба од срам.

Aна Стојанова: Точно значи тука сме да споделуваме и работи кои се добри и процесот додека трае процесот и кога нели заедно ќе си се радуваме на резултатите. Како дозна за програмите?

Mартина Иванова: Па јас те пратам на инстаграм многу оддамна значи стварно многу оддамна, и често ми се појавуваа ама ете да кажам немав прилика значи јас програмата што ја почнав беше денска радио два, тоа беше во април месец и така од инстаграм ајде да кажам и ете така си се зачленив и од тогаш па натака сум редовна.

Aна Стојанова: Дали би ја препорачала на некој друг или дали имаш девојќи кои што веќе се на програмата?

Mартина Иванова: Да, и веќе значи денска радио два летните програми односно беа веќе затвроени само што почна, и баш се случи еден момент на прослава абе како ослабе толку? Викам искрено не кријам викам кратко и јасно Ана Стојанова викам толку е, со што почна и баш девојката точно пред мене во тој момент значи си ја уплати програмата, сега не можам да кажам не знам колку успех имало меѓутоа да имам многу пријателки што ајде покрај мојот резултат стварно уплатија многу од програмите и кај некој има доста ефект значи стварно гледам дека има ефект.

Aна Стојанова: Ако се придржуваш до програмата и ако ја следиш ќе има ефект, и дали има нешто што сакаш ете да го додадеш или да споделиш со девојките или нешто интересно што сакаш да  дознаеме за тебе од целава оваа приказна?

Mартина Иванова: Па не знам нема нешто специфично тоа е тоа што е.

Aна Стојанова: Што би им препорачала?

Mартина Иванова: Нема откажување, само упорност значи како што кажа и предходно ќе се случи момент да немаш мотивација да не ти се вежба, едноставно само отворета ја групата на фејзбук одма ќе добиете мотивација, нема откажување значи ова е процес што трае.Секогаш ќе почнеме од дното за да полека полека одиме кон врвот само без откажување, ако се откажеме тоа е тоа.

Aна Стојанова: Ништо фала ти Мартина што беше дел денеска и што беше кај мене дома, ми беше гостинка што ти одземав од твоето време ама знам дека твојата приказна ќе инспирира многу девојќи.

Mартина Иванова: Се надевам, ти благодарам уште еднаш на поканата и мене ми беше многу мило.