PEACH ARMY HERO: Натали Никлевска

Натали Никлевска

Aна Стојанова: Натали фала ти што се нафати да бидеш дел од емисијава од хероите имаш огромен резултат и ќе биде убаво ако ја споделиш по детално твојата приказна со армијата. Кажи ми која е Натали, од каде доаѓа, колку години има?

Натали Никлевска: Вака здраво на сите, здраво на девојките од армијата јас сум Натали Никлевска, имам 25 години доаѓам од Тетово вработена сум во Министерството за внатрешни работи во Тетово и чест и задоволство ми е денеска што сум тука вака кај тебе и фала на поканата.

Aна Стојанова: Задоволството е и мое, колку време си дел од армијата?

Натали Никлевска: Дел од армијата сум од минатата година од мај месец значи со летен предизвик еден и до ден денес.

Aна Стојанова: Супер, пред да навлеземе подлабоко за програмите ајде кажи ми која е Натали во смисла што правеше Натали пред да почне со програмите на Peach Army, како изгледаше еден нејзин ден? Што се исхрануваше?Дали воопшто помислуваше на тренинг?Цел тој процес сакам да ми го раскажеш.

Натали Никлевска: Знаќи вака јас сум тип на човек што секогаш го сакам јадењето значи гурман сум готвам често готвам често сум во кујна и предходно бев и сега исто така со овие јадења.

Никогаш не гледав на тоа колку денеска ќе изедам количински,дали е лошо тоа за мене не е лошо нели, сум тренирала бивша одбојкарка сум, сум била често на утакмици активна да и во теретана исто и на фитнес сум оделе меѓутоа пак не сум гледала на исхраната,секогаш сум гледала јадам нема проблем ќе одам ќе си истренирам ќе си го извадам тоа, а количински нели и колку сум јадела и дали тоа има ефект фитнесот и вежбањњето, тоа нкогаш не сум гледала, едноставно сум била активна и сум мислела дека тоа е тоа океј е супер е што сум активна.

Aна Стојанова: Од кога имаш проблем со килограмите? Дали во периодот кога беше одбојкарка имаше проблеми со килограмите или од кога прекина да бидеш активна?

Натали Никлевска: Вака значи дефинитивно од кога прекинав, меѓутоа и кога прекинав исто така се вработив и работата си го направи своето, канцелариската работа нели седењето на столица и не активностите иако сум одела на фитнес и во теретана не било тоа често било само еден месец и пак назад, ќе ме замрзе и нема да одам нели и се тоа.

Aна Стојанова: Колку да задоволиш психа дека нешто правиш.

Натали Никлевска: Да, дека сум активна а уствари не е тоа тоа да воопшто во споредба со ова сега нема споредба никаква да дефинитивно.

Aна Стојанова: Дали килограмите беа единствената причина или имаше некој друг проблем што те мачи?

Натали Никлевска: Не, килограмите само значи дефинитивно беа единствена причина здравствено не од некој подлабок аспект, меѓутоа од аспект на тоа дека немав доволно енергија не можев да се движам не можев да си ги заврзам патиките како што треба како сега што си ги заврзувам.

Aна Стојанова: Тоа се случуваше во средно школо или на факултет?

Натали Никлевска: Не, значи после 18 години тоа ми се случи.

Aна Стојанова: Како тоа влијаеше на пример на твојата самодоверба? Ете 18 е период кога излегуваме така, се мешаме со луѓе одиме во диско сакаме да се дотераме да не видат, како тоа влијаеше на тебе и дали влијаеше?

Натали Никлевска: Влијаеше затоа што ги гледаш сите како убаво се облекуваат се разголуваат нели све тоа дотерани топ, ти гледаш само да си го покриеш телото делот кој што ти е по крупен нели, и воопшто не ми беше убаво меѓутоа не знам не дојде до тоа јас да размислам еј што се случува зошто тоа така да биде зошто да не го сменам нели и еве некако се решив сега.

Aна Стојанова: Колку повише се фокусираше дај да го скријам тоа од колку да го снема проблемот. Кога се случи пресвртот?

Натали Никлевска: Е пресвртот се случи значи лани пред летото нели мај месец, така бевме на кафе излезени со дугарките, и као еве доаѓа сега лето ајде активност малце нели не јадење свадби идат нели на плажа треба да се иде и така, и баш така си правевме муабет ја викам ќе се запишам сега на фитнес може ќе допринесе малце нели за да ослабам или да скинам некое килце. И баш една другарка ми рече абе зошто не кај Ана пошто имам две другарки што беа.

Aна Стојанова: Да ја поздравиш таа другарка многу.

Натали Никлевска: Да да, и она баш ми рече абе јас ќе се пријавам сега за две недели е пријавувањето нели резервирање на места, и ја викам ајде здравје има време ќе видиме.

Aна Стојанова: Која беше причината во тој момент што те колебаше? Не беше сигурна во програмите или уште не беше сигурна во себе дека сега си решена да постигнеш резултати.

Натали Никлевска: Воопшто не бев сигурна во себе, значи не знам реков ајде ќе бидам на програмите, предходно и таа другарка беше ослабната значи супер си направи тело и уште една исто другарка заедно оние беа на програмата баш памтам бевме излезени, вечерва Ана ни дозволува да пиеме тоа ни дозволува и јас ги гледам сега викам знаеш супер топ девојчињата си се топ, тело ај викам јас да си пробам не е лошо да си видам како е, моите диети не функционираат очигледно до предходно и така си резервирав место.

Aна Стојанова: Кој момент беше пресуден за тебе па кога ја виде програмата така кажа дека сеуште не си била сигурна дали сакаш да направиш промена во смисла, не си сигурна дали сакаш да почнеш сега и дали си решена за нешто такво, кој момент беше пресуден кога дојде на програмата и рече оваа е таа програма мене што ќе ме среди? Имаше ли таков момент?

Натали Никлевска: Па искрено мислев дека ќе биде малце поразлично од тоа што било предходно.

Aна Стојанова: Во смисла?

Натали Никлевска: Бев убедена во тоа во смисла на исхраната, во смисла на вежбите.

Aна Стојанова: Дека ќе биде потешко, дека ќе биде по захтевно?

Натали Никлевска: Не дека ќе биде полесно и дека ќе допринесе до мене тоа.

Aна Стојанова: Аха сметаше дека програмата ќе ти биде полесна.

Натали Никлевска: Дека ќе ми биде полесно и порастеретено нели во врска со рецептите и со исхраната и со вежбите, и затоа што можда и некогаш не сум сакала толку да се замарам со калориите нели со вежбите дали треба дали правилно се направени дали треба да ги колку треба да ги направам нели од секунди, од серии и тоа и си викав дај сега ќе си пробам иде лето не се зафркавај више.

Aна Стојанова: Плус ти е изџвакано, направено напишано се само треба да го следиш.

Натали Никлевска: Да преубаво да да немам коментар и ајде и ете тоа беше моментот.

Aна Стојанова: Колку килограми успеа да намалиш со програмите?

Натали Никлевска: 26 килограми значи од јуни крај на мај така почнавме со летниот предизвик, до ден денес сеуште.

Aна Стојанова: Опиши ни го малку тој период, што се случуваше во таа година? Беше ли едноставно?

Натали Никлевска: Епа не, не беше едноставно.

Aна Стојанова: Кој момент беше тежок?

Натали Никлевска: Тежок момент највише ми беше исхраната.

Aна Стојанова: Зошто?

Натали Никлевска: Затоа што многу сум гурман и многу правам готвам работи кои што се нездрави, количински сакам да јадам многу, заљубена сум во храната значи ја сакам храната, меѓутоа сега се заљубив дополнително  во оваа храна дефинитивно, и повише ми одговара и по среќна сум и не знам.

Aна Стојанова:  Што се случи со старите навики така? Сигурно верувам дека си имаш моменти каде што си дозволуваш така?

Натали Никлевска: Да да си дозволувам меѓутоа јас гледам да се вратам утредента или подвратена пак назад, значи тоа е малце ми беше тешко на почетокот психички неможев да се контролирам, меѓутоа успеав дека денеска ако јадам како вчера не знам комад со паричка нели денеска сум пак на старото, со овесна каша со така натаму нели до крајот на денот.

Aна Стојанова: Значи мораш да си го заслужиш комадот ,така? Ете еден совет од голем гурман, што навистина мислам дека ќе им значи на девојќите. Освен килограмите забележа ли некој други промени на тебе, не знам во однесување во самодоверба, во односот со пријателите, со момчето ми спомна дека имаш момче и наскоро ќе бидеш невеста, што се случи?

Натали Никлевска: Па по позитивна по енергична, нема толку стрес нема толку нервози да се нервираш нели, не знам во однос на облеката сега гледам се облекувам малце и нели да не биде тоа покриено да биде све и така.

Aна Стојанова: Кој ти беше најголем бенефит од целата пограма? Што почувствува така освен ги намали килограмите, што се чувствуваш дека ти доби со сето ова?

Натали Никлевска: Самодоверба и дека јас можам и дека успевам и дека успеав.

Aна Стојанова: Браво, дали е доволно тоа за да продолжиш со истово темпо и понатаму?

Натали Никлевска: Да.

Aна Стојанова: Сметаш ли дека нешто може да те закочи во иднина, и што е тоа ?

Натали Никлевска: Не не не дефинитивно.

Aна Стојанова: Значи газиме понатаму уште појако.

Натали Никлевска: Да да, чим сум решена и чим ми е супер топ.

Aна Стојанова: Која е твојата крајна цел, постои ли крајна цел? Мислиш ли дека ќе се постигне некој резултат и готово тоа е тоа ?

Натали Никлевска: Не не , јас продолжувам понатаму затоа што ова е многу убав начин на живот, не е само толку два три месеци летен еден летен два и крај готово. Значи ова е начин на живот на кој што сите треба да продолжиме да го живиме, иако некогаш нели има некој си нели денови каде што сакаш да си кснеш да си пивнеш.

Aна Стојанова: И јас си каснувам си пивнувам.

Натали Никлевска: Да, пак да си се вратиш назад, пак да си вежбаш да си бидеш активен, да си јадеш тоа што треба да си јадеш, најпрвин за здравјето нели па понатаму исто така за физичкиот изглед.

Aна Стојанова: Дали ти се допаѓа принципот на работа наш, во смисла што имаме неколку отварања годишно? Би ти одговарало ли повеќе да не знам имаш месечна програма и тоа да си тера преку целата година?

Натали Никлевска: Не баш ми се свиѓаше искрено да, затоа што баш се навикнуваш на една храна и после нели доаѓа нели втор месец, втор летен, доаѓа друга храна.

Aна Стојанова: А во периодот кога нема отварање на програмите, што се случува?

Натали Никлевска: Е малце ми беше тешко, малце ми беше тешко затоа што јадеш, чекаш  друга програма нестрплив си.

Aна Стојанова: А ова е како го користите периодот дај да си лапнам повише, пред следно отварање. Ане тука ќе не фати за уши сега после два месеца.

Натали Никлевска: Иако малце ми беше тешко зошто сакав тој период пак да ми биде исполнет со нешто ново, нешто друго иако исхраната си ја терав месец ипол нели можеше да се фати. Си терав си терав ама бев возбудена и знаев дека ќе има летен два нели и едвај чекав нови рецепти нови вежби и така.

Aна Стојанова: Супер, во моментов сме спремаме месец три и така да верувам дека ќе ви се допаднат и вежбите, во моментов и ја правам и храната и така да нема да запреме тука се спремаме за пролет.Без многу размислување, што најмногу ти се допаѓа од програмата?

Натали Никлевска: Програмата…

Aна Стојанова: Одма не мисли.

Натали Никлевска: Храната.

Aна Стојанова: Храната многу повише од вежбите?

Натали Никлевска: Многу повише од вежбите да, многу ми беа тешки вежбите.

Aна Стојанова: Е зошто? А левел еден?

Натали Никлевска: Не го гледав левел еден.

Aна Стојанова: Друг проблем, тоа некако не знам делува дали во психа си викаат сега јас левел еден ли сум, другите вежбаат левел два и сите се трудат да вежбаат по левел два, си има процес.

Натали Никлевска: Не, правев паузи не дека не правев паузи, и океј беше и си ги вежбав вежбите цел тренинг значи успеав да го извежбам.

Aна Стојанова: Се чувствуваше тој прогрес нели.

Натали Никлевска: Да да.

Aна Стојанова: Колку повеќе намалуваш полесно ти е, како повише накачуваш мускулна маса имаш повише сила.

Натали Никлевска: Да,да после малце нели повише и на килажа.

Aна Стојанова: Се случува ли да има недела дена каде што нема да вежбаш?

Натали Никлевска: Да, се случи.

Aна Стојанова: А таман ќе те прашав што ќе им препорачаш на девојките во случај кога велат немам време или немам мотивација? А на одмор кога беше добро.

Натали Никлевска: Да, не дека немав време да тоа бев на одмор и стваро не можев сега на одмор да си се опуштам и тоа се, иначе не никогаш не престанав никогаш не престанав, иако  имаше денови каде што не бев дома не успевав нели натаму наваму со некои обрски, меѓутоа гледав навечер пред спиење обавезно да го извежбам тренингот, или утредента сабајлето да го извежбам тренингот и од сабота нели и од петок два тренинга да направам.

Aна Стојанова: Што е тоа што ти даваше мотивација ете толку касно да вежбаш? А си немала време така, сите викаат немам време? Што те движи? Што најмногу те движи?

Натали Никлевска: Резултатот што го имаш. Се гледаш во огледало и си викаш вау каква станав, каква сум убава зошто да не продолжам понатаму, зошто да не биде уште поубаво, зошто да не биде не знам уште поефикасно. И тоа некако ме водеше понатаму и ме води понатаму понатаму, позитивни коментари исто така.

Aна Стојанова: А сега имаш голема цел.

Натали Никлевска: Да, да.

Aна Стојанова: За свадба треба да те средиме така, уште колку сакаш до свадба да намалиш?

Натали Никлевска: Уште 10 килограми сакам, да дефинитивно уште 10.

Aна Стојанова: И малку појако тренинг за да биде тоа се на место така, да нема толу големи свадбарки језда е свадба. Супер кажи ми сега веќе сме при крај, дали при препорачала и на други да се приклучат или дали имаш више твоја мини армија?

Натали Никлевска: Па имам мини армија да, многу ме мотивираа иако секојдневно се појавуваа нови личности каде што ќе ме прашаат леле како ослабе блазеси ти алал да ти е, за толкав период толку да ослабеш.

Aна Стојанова: Не знам дали те прашав колку вкупно ослабе, 26 килограми?

Натали Никлевска: 26 да, и како кажи ми рецепт кажи ми што е.

Aна Стојанова: Да мислат тајната е дај тие два рецепти и готово.

Натали Никлевска: Нешто си пиела сигурно, не не пиев ништоедноставно здрава храна добри тренинзи супер, и водат кон ефикасно нели ефикасност. Јас би им препорачала на сите останати девојки да се приклучат на програмата твоја затоа што стварно е топ, нема грешка, да не наоѓаат изговори немам време кога се сака за све има време, еве јас на пример работам канцелариска работа каде што сум прва втора смена на работа јас фаќа нели дел од денот каде што треба да направам и доручек и ужина нели така и ручек.

Aна Стојанова: Што во денови кога нема да најдеш време? Ете си се успала, или не се случило?

Натали Никлевска: Па не се случило не не не, или од вечер го правам значи доручекот, или од сабајлето станувам многу рано за да го направам доручекот, нема изговори ми се спие тоа не не не, тоа се само изговори.

Aна Стојанова: Алал да ти е, браво. Можам дури да те замислам колку ќе бидеш убава како невеста, и сакам да ни пратиш слика и да те објавиме на Peach Army да те види целата армија.

Натали Никлевска: Да обавезно, важи.

Aна Стојанова: Кажи ми дали предходно си била на некоиј други програми, дали нешто слично си имаш некое слично искуство или се си се сама од себе?

Натали Никлевска: Па не не сум била на ниедна друга програма на ниедна, едноставно некоја си своја диета што сум ја читала на интернет како не знам, што е здраво да се јаде што не е здраво нели што треба да се избгнува и тоа, меѓутоа не допринело до некаков си бенефит. И не ме влечело понатаму значи да продолжам јас може првите две недели да си ги терам и да си биде супер нели нормално, ама пак не знам не сум имала толкава мотвација. Плус на фејсбук групата кога видов.

Aна Стојанова: Тоа ќе те прашав следно, сметаш ли дека девојките во групата дополнително даваат мотивација?

Натали Никлевска: Да да дефинитивно кога ќе ги видам пред и потоа и како се толку упорни и колку се убави и не знам тоа ми беше.

Aна Стојанова: Ти фали ли дружба во живо со девојките? Сметаш ли дека годинава треба да направиме нешто за да се дружиме повеќе?

Натали Никлевска: Може да да.

Aна Стојанова: Ова го кажувам од причина што знам дека ќе не гледаат многу девојќи така, јас сум една вие сте многу така да секоја идеа ваша ќе ми помогне многу ако ни е е полесно да најдеме начин како да се организираме за да имаме што повише средби затоа што навистина сакам годинава тоа да ни се оствари. Убаво ми е кога ве гледам, ете минатион четврток видов запознав 6 девојки во иста вечер кога бев излезена, сите се споивме заедно сите почнавме да играме и беше многу убаво чувството и сакам годинава тоа да се случува многу по често и ќе ми биде мило ако се дружиме. Фала ти Натали што беше дел од ајде нема да зборам во емисијата, фала  што ми дојде дома на гости , ми беше многу мило и што сподели со девојќите, беше искрено беше чисто ти си многу убава, ти ја сакам енергијата и сакам да постигнеш уште поголем резултат.

Натали Никлевска: Фала ти и на тебе премногу, сакање.