Инфо за патувањето

ПЛАН ЗА ПАТУВАЊЕ

МАЈ 24 – 31 | Sithonia, Greece

СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ ЗА ПАТУВАЊЕТО

Поаѓање 

Тргнување од Скопје na 24.05 во 5 часот наутро пред Дрво Декор Холидеј Ин пред коцката кај таксистите. Биди таму во 15 за 5.
*Девојките од другите градови да ја контактираат Ана Марија (075 311 970)

Понеси со тебе:

  • појадок и ужина согласно планот за исхрана;
  • шишенце вода за по пат;
  • влечки/собни папучи – за подобра циркулација на крвта во нозете за време на патувањето.
  • крпа или јога мат
  • тегчиња (кој сака)
  • ластици
  • облека за ветровито време
  • фен

Намирници и дополнителни информации:

На ова 8 дневно патување, ќе го следиме планот за исхрана од летниот предизвик и тренинзите од истиот. Така да, неделната шопинг листа со намирниците, ја добивате само за патувањето со точно утврдени количини на продуктите. Листата со намирници ќе ја најдеш подолу во PDF формат.

Пазарење имаме предвидено на патот кон смештајот во Лидл, можете таму да пазарите, можете се што сакате и од Македонија да си понесете.

НАПОМЕНА: Има локална продавничка и кафуле во наша близина.

Враќање:

Напуштање на смештај во 09 часот наутро на 31.05. Пристигнување во Солун накај 11 часот на кафенце и прошетка кое ќе трае одприлика 3 часа.

Тргнување од Солун кон Македонија, во 14 часот

ПРОГРАМА

ДЕН 1

  • Тргнување во раните утрински часови.
  • Заедничко пазарување во маркет во Грција
  • Пристигање и сместување
    Кафе муабет и запознавање на девојките во дворчето
  • Слободни активности

ДЕН 2

  • Слободен ден
  • Групен тренинг на плажа на зајдисонце

ДЕН 3

  • Групен тренинг на плажа во 8:00 часот
  • Дневни слободни активности (посета на центарот, плажа и сл).
  • 18ч Пикник на зајдисонце, храна, даски и вино на плажа. Завршување на вечерта на плажа

ДЕН 4

  • Групен тренинг на плажа – 8:00 часот
  • Парадајс Бич – гратис екскурзија на локацијата каде што се снимаше Летен предизвик 2022 Грција, на дива преубава плажа. Искористување на денот на плажа
  • Слободни активности

ДЕН 5

  • Групен тренинг на плажа во 8:00 часот
  • Peach Army “Игри без граници” – забавни фитнес игри во коишто ќе избереме победнички тим од девојки.

ДЕН 6

  • Групен тренинг на плажа во 8:00 часот
  • Караоке забава

ДЕН 7

  • Слободен ден
  • Оган на плажа

ДЕН 8

  • Поаѓање кон дома
  • Кафенце во Солун

Се гледаме на плажа ❤️

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.