InstaFIT програма

од Ана Стојанова

Сакаш да се победиш себеси, да го симнеш вишокот килограми и да се вратиш во форма? Оваа програма е за тебе! InstaFIT програмата веќе прерасна во “систем“ којшто содржи се што ти треба за да си инспирирана, мотивирана, поддржана и инструктирана да ги намалиш вишкот килограми и да направиш позитивна трансформација кај себе. 

Резервирај си место ДЕНЕС и не пропуштај шанса да добиеш:

  • Тренинг програма со кратки ВИДЕО вежби за дома;
  • Тренинг програма со кратки ВИДЕО вежби за теретана;
  • Тренинзите се направени за почетници и за напредни;
  • Економично мени со вкусни рецепти, шопинг листа и бонуси;
  • Пристап до затворена ФБ група;
    5/5
    "Ние сме твоја војска, а ти си наш генерал. Многу ми помогна, можам да кажам дека ми смени многу работи во животот, сакам да продолжам со ова темпо и вечно ќе ти бидам благодарна."
    Фатиме Шабедин, 31
    "И покрај тоа што се програми за дома, Ана воопшто не направи да се почувствуваме дека сме сами во целиот процес. Многу мотивација, многу енергија и желба за здрава храна. Ова е најдоброто нешто што ми се случило, не само физички, туку и психички, 2020 за мене доби нова димензија. “
    Силвана Аврамовска, 27
    "Јас сум медицинска сестра и нонстоп во акција. Ана е најпозитивната,нај не себична да мотивира, помогне,советува и при тоа не бара ништо за возврат, добро бара резултати и трансформација:) Според начинот на живот и динамиката кој го живеам ,Ана е единствената што успеа да ме мотивира и стави во ред .Вежбам редовно и при тоа не изгладнувам а резултатите се видливи.."
    Убавка Милосављеска, 40

    Што добиваш во програмата за дома?

    КРАТКИ И ЕФЕКТИВНИ ВИДЕО ВЕЖБИ ЗА ДОМА

    Кога ги планирав и тестирав тренинзите за оваа програма, целта ми беше да го синтетизирам целото искуство од изминативе 5 години и да креирам тренинг искуство што ќе те “зарази“ да бидеш активна. Секое тренинг видео содржи загревање, главен тренинг и истегнување. Вежбаш кога сакаш, каде сакаш. Видеата ти се во твојот профил достапни 24/7 и поделени во денови. Кликаш PLAY и вежбаш.

    МЕНИ СО НЕОДОЛИВО ВКУСНИ И БРЗИ РЕЦЕПТИ

    Ако по нешто сум препознатлива тоа се брзите и вкусни рецепти. Затоа и овојпат имаме КОМПЛЕТНО НОВО МЕНИ со најдобрите, наједноставните за подготовка и највкусните рецепти со лесно достапни продукти прилагодени на сезоната која следи, а и нашиот стандард. Немам трпение да ги видиш и бонус рецептите за САМА да си направиш растителни млека, намази, леб…

    ГРУПА ЗА ПОДРШКА И НАЈГОЛЕМА МОТИВАЦИЈА

    Ако се прашуваш зошто меѓу себе се викаме АРМИЈА, тогаш сигурно не си била дел од нашата ФБ група. Има некоја магија таму што не држи така мотивирани. Наше гнездо кое е 24/7 достапно за тебе и верувај нема да те оставиме така лесно да се откажеш или да прескокнеш ден за вежбање.

    Прашања и одговори

    InstaFIT e програма за слабеење на правилен и забавен начин. Во него има план со видео тренинзи (два левела), план за исхрана, здрави десерти  и заедница што ќе те поддржува и навива за тебе. Со уплатата добиваш личен, онлајн профил во којшто се поставени сите материјали и ти е достапен 24/7.

    Сите детали ќе ги испратиме пред започнувањето на програмата. 

    Сите детали ќе ги испратиме пред започнувањето на програмата. 

    Сите детали ќе ги испратиме пред започнувањето на програмата. 

    Сите детали ќе ги испратиме пред започнувањето на програмата. 

    Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница. Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

    Уплатата може да се изведе на рати или еднократно. Уплатата на рати е автоматизирана и се изведува на следниот начин:
    Рата 1: При регистрација
    Рата 2: 30 дена после првата уплата.

    Уште еднаш, втората рата ќе биде наплатена автоматски од картичката со којашто е направена првата уплата. После втората рата наплатата запира и повеќе нема да биде користена картичката од системот. Плаќањето е 100% сигурно и безбедно.

    Претпознатлива по ”Слабееме Најадени” , брзи, едноставни и премногу вкусни рецепти.(Менито не е само за девојки кои сакаат да намалат, туку и оние кои сакаат да накачат мускулна маса).

    Мислам дека девојките посебно ме почитуваат заради овој дел и предизвик ми е секој пат да ги изненадам. Кога ќе ми речат дека едвај чекаат да станат за да си го направат рецептот, јасно ми е дека ќе има нов бран на успешни трансформации. Храна е уметност и никогаш нема да дозволам да имаме досадно мени без разлика што се храниме здраво. Тука сум да докажам дека здравата храна е дааалеку повкусна од она на кое сте навикнати. Менито е прилагодено на Македонскиот стандард, без скапи и тешко достапни продукти. Ќе има мени и за вегетаријанци 🙂

    Веќе спомнав дека програмите се направени во 2 нивоа, па така и секој месец се зголемува интензитетот на вежбите. Вежбите се предвидени да се прават дома, во парк, сала или било каде и да ти одговара.

    Без разлика дали си почетник или веќе тренираш имаме вежби за тебе. Верувај ми многу овој пат, знам што ти спремив!

    Исхраната е идеална за сите, вежбите се оние за кои чуствувам голема одговорност пред да кажам ДА и секако прво треба да се консултирате со лекар. Како и да е, овие програми НЕ се предвидени за трудници без разлика што имате зелено светло од доктор.

    Нема да скријам дека премногу мајки се веќе дел од моите програми и немаат никаков проблем со доењето, но сепак чуствувам голема одговорност и ќе ве советувам најпрво да се консултирате со лекар пред да започнете со мојата програма.

    Предизвикот е мини водич со далеку поинтензивни вежби од основните програми кои не ги препорачувам да се изведуваат на долг рок, а затоа и се вика предизвик, целта е за еден месец, сите оние кои биле ”заспани” преку целата година, да го извадат најдоброто за пократок временски период. Добрата страна е дека успеваат во тоа, лошата е дека се што преинтензивно е преризично за долг рок, затоа и трае само 30 дена. Целта со основните програми, покрај исхраната и вежбите, ми е да ве научам ова да ви стане начин на живот. Школото кое ќе го добиете во програмите е нешто што нема да го најдете во ниеден предизвик, затоа се разликува и цената. Целото мое искуство ви го пренесувам преку осум неделните програми.

    Верувам дека поглемиот дел од вас веќе знаат што можат да очекуваат, но доколку си нова на мојот сајт и профил во продолжение ќе споделам дел од трансформациите и тестомонијали од девојките кои се дел од моите програми. Повеќе можеш да видиш и на овој линк: https://anastojanova.com/rezultati/

    Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман. Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://peacharmy.mk е само на твоја, сопствена отговорност.

    Како функционира користењето на предизвикот

    Регистрација и уплата

    Регистрацијата се прави преку оваа страница со клик на едно од копчињата најгоре. Уплатата се изведува со дебитна или кредитна картичка со којашто може да се плаќа онлајн. При уплатата, внеси ја твојата емаил адреса правилно и без грешки. Не брзај.

    Личен Профил со сите материјали на едно место

    Штом ја направиш уплатата, системот ќе ти создаде личен профил (доколку веќе немаш) и веднаш ќе те внесе во воведниот дел на програмата. Сите материјали од програмата ќе ти бидат во овој профил. Ништо нема да ти биде праќано на емаил. Сè ќе ти биде во твојот профил.

    Пристап 24/7(преку мобилен, таблет и компјутер)

    Профилот и програмата ти се достапни нон-стоп. За да им пристапиш, треба да ја посетиш веб страната https://anastojanova.com и да кликнеш на “Најави се“ горе, десно во менито. 

    5/5
    "Ана беше мојата “Карма” , од милион фитнес и трењери со кои ми е преполн инстаграмот ја одбрав неа една вечер после полноќ. Зошто? Нејзината упорност и посветеност при враќањето во форма по операцијата. Зошто? Because it was meant to be ? И чудо се случи, за некој што е упорен во вежбањето повеќе од 30 години, најдобрите резултати ги постигна на 50 со Ана. Ана ме научи да јадам и да слабеам ме научи дека можи и да се згреши и да се продолжи Ана е my hero!."
    Ајнур Абдулоска, 50
    "Да не постоеше Ана ќе требаше некој да ја измисли некој. Таа ми го промени животот. Не само што се променив физички, со нејзините програми се променив и психолошки емотивно. Се зголеми мојата самодоверба, а на животот, здравите навики во секојдневието како вежбање и исхрана почнав да го гледам со страст.“
    Марина Мицкова Арсовска, 36
    "Година дена се мислев дали да се пријавам и стварно не згрешив. Ана не е само обичен фитнес тренер - Ана е мој фитнес ГУРУ! Кога ми беше најтешко и мислев да се откажам од приватни причини Ана ми пријде сама, ме ислуша и ми даде сила да не запирам. Тоа исклучително го ценам. ❤️"
    Марија Јовановска, 24