MamaFIT програма

од Ана Стојанова и Марија

Специјализираната POSTPARTUM програма за дома MamaFIT. Ова програма е направена со помошта на Марија, сертифициран нутриционист и специјалист за postpartum. 

Резервирај си место ДЕНЕС и не пропуштај шанса да добиеш:

  • Три месечна тренинг програма со специјализирани видео вежби за дома со особен фокус на интензитетот на вежбите што градуирано се зголемува
  • Тренинзите се направени за мајки, независно дали тие биле претходно физички активни или не
  • Посебен тренинг со вежби за затворање на дијастаза
  • Економично мени со вкусни и брзи рецепти прилагодено на доилки, но и за мајки кој не дојат, шопинг листа и бонус рецепти
  • Бонуси со едукативни материјали кои се стручно разработени од Марија како биолог
  • Пристап во затворена ФБ група, за поддршка, мотивација и инспирација
  • ПАРИЧНИ НАГРАДИ за најдобрите трансформации.

 

    5/5

    Што велат мајките што беа на програма?

    Што добиваш во програмата за дома?

    КРАТКИ И ЕФЕКТИВНИ ВИДЕО ВЕЖБИ ЗА ДОМА

    Кога ги планиравме и тестиравме тренинзите за оваа програма со Марија, главниот фокус ми беше да направиме симбиоза помеѓу она што го знам јас за Армија од аспект на креирање на успешни програми и специјализираното знаење на на Марија. Она што произлезе и што ќе го видиш е навистина програма што се грижи за мајката и ја води чекор по чекор до закрепнување на телото и враќање во форма на здрав начин. Секое тренинг видео содржи загревање, главен тренинг и истегнување. Вежбаш кога сакаш, каде сакаш. Видеата ти се во твојот профил достапни 24/7 и поделени во денови. Кликаш PLAY и вежбаш.

    МЕНИ СО НЕОДОЛИВО ВКУСНИ И БРЗИ РЕЦЕПТИ

    Никогаш нема да ни здосади да викаме СЛАБЕЕМЕ НАЈАДЕНИ, но во оваа програма за мајки, овој израз има друго…поголемо значење. Во мама фит менито добиваш брзи, лесни, внимателно одбрани рецепти кој ги содржат сите макро и микронутритиенти совршено избалансирани во секој оброк. Овие рецепти не се само неопходни за мајки кои дојат, туку и за за секоја мајка која се наоѓа во тој пост постпородилен период и на која и е потребна енергија за извршување на понатамошните дневни активности.

    ПАРИЧНИ НАГРАДИ  за најдобрите трансформации

    Оваа година, најдобрите трансформации од Mama FIT добиваат парична награда!Имаш шанса да освоиш:

    • 300 евра за прво место
    • 200 евра за второ место
    • 100 евра за прво место

    Гласањето за најдобра трансформација ќе се прави само помеѓу девојките што учествуваат на предизвикот.Придружи ни се, посвети се и добиј шанса да добиеш не само награда туку и шанса да си направиш промена што ќе влијае и на твоето здравје и на твоето бебе!Среќна мама = среќно бебе ❤️

    ГРУПА ЗА ПОДРШКА И НАЈГОЛЕМА МОТИВАЦИЈА

    Mama ARMY – Армијата мајки коишто беа поддржани и даваа поддршка на другите девојки, жени, мајки и кралици. Те очекуваме!

    Прашања и одговори

    Оваа програма, директно кажано е за мајки, независно дали тие биле претходно физички активни или не.

    Сите детали ќе ги испратиме пред започнувањето на програмата. 

    Сите детали ќе ги испратиме пред започнувањето на програмата. 

    Сите детали ќе ги испратиме пред започнувањето на програмата. 

    Може. Сите оние кои ќе ја уплатат цела програма наеднаш добиваат и попуст и цената на цела програма ќе биде 3490 денари.

    Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница. Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

    Уплатата може да се изведе на рати или еднократно. Уплатата на рати е автоматизирана и се изведува на следниот начин:
    Рата 1: При регистрација
    Рата 2: 30 дена после првата уплата.

    Уште еднаш, втората рата ќе биде наплатена автоматски од картичката со којашто е направена првата уплата. После втората рата наплатата запира и повеќе нема да биде користена картичката од системот. Плаќањето е 100% сигурно и безбедно.

    Брзи, едноставни и премногу вкусни рецепти.

    Мислам дека девојките посебно ме почитуваат заради овој дел и предизвик ми е секој пат да ги изненадам. Кога ќе ми речат дека едвај чекаат да станат за да си го направат рецептот, јасно ми е дека ќе има нов бран на успешни трансформации. Храна е уметност и никогаш нема да дозволам да имаме досадно мени без разлика што се храниме здраво. Тука сум да докажам дека здравата храна е дааалеку повкусна од она на кое сте навикнати. Менито е прилагодено на Македонскиот стандард, без скапи и тешко достапни продукти. Ќе има мени и за вегетаријанци 🙂

    Вежбите се предвидени да се прават дома, во парк, сала или било каде и да ти одговара.

    Тренинзите се осмислени на начин на којшто ќе започнеш чекор по чекор да го зајакнуваш телото и правилно да се вратиш во форма. 

    Исхраната е идеална за сите, вежбите се оние за кои чуствувам голема одговорност пред да кажам ДА и секако прво треба да се консултирате со лекар. Како и да е, овие програми НЕ се предвидени за трудници без разлика што имате зелено светло од доктор.

    Да. Оваа програма е за доилки.

    Верувам дека поглемиот дел од вас веќе знаат што можат да очекуваат, но доколку си нова на мојот сајт и профил во продолжение ќе споделам дел од трансформациите и тестомонијали од девојките кои се дел од моите програми. Повеќе можеш да видиш и на овој линк: https://peacharmy.mk/hero/

    Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман. Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://peacharmy.mk е само на твоја, сопствена отговорност.

    Како функционира користењето на предизвикот

    Регистрација и уплата

    Регистрацијата се прави преку оваа страница со клик на едно од копчињата најгоре. Уплатата се изведува со дебитна или кредитна картичка со којашто може да се плаќа онлајн. При уплатата, внеси ја твојата емаил адреса правилно и без грешки. Не брзај.

    Личен Профил со сите материјали на едно место

    Штом ја направиш уплатата, системот ќе ти создаде личен профил (доколку веќе немаш) и веднаш ќе те внесе во воведниот дел на програмата. Сите материјали од програмата ќе ти бидат во овој профил. Ништо нема да ти биде праќано на емаил. Сè ќе ти биде во твојот профил.

    Пристап 24/7(преку мобилен, таблет и компјутер)

    Профилот и програмата ти се достапни нон-стоп. За да им пристапиш, треба да ја посетиш веб страната https:peacharmy.mk/ и да кликнеш на “Најави се“ горе, десно во менито. 

    5/5