НАЈДОБРИОТ доручек од Летен Предизвик 2023

Најдобриот доручек од Летен Предизвик 23та

ЏЕМ СМУТИ 

Состојки:
– 1мала смрзната банана
– 200 мл растително млеко
– 1 полна лажица протеин (пожелно ванила)
– 1 мало лажиче путер од кикирики
– 1/2 лажиче ванила
– неколку коцки мраз
– за џемот: неколку јаготки изблендирај ги или само испасирај ги
– прстофат цимет опционално за наросување

Инструкции:

Кога и да сме имале смути со шумско овошје, секогаш сме го блендирале заедно со сите состојки. Овој пат подготовката е малку поразлична се со цел убаво да се распознаат сите вкусови. Најпрво испасираните јаготки стави ги на дното на чашата за смути, а бананата, млекото, протеинот, ванилата и мразот (доколку ти е јак блендерот) изблендирај ги заедно. Истури го смутито во чашата , путерот искористи го како топинг одозгора и доколку сакаш нароси малку со цимет. Ако не го блендираше смутито со мраз, можеш да го додадеш и отпосле. Едноставно, а превкусно!

Калориски вредности:
Калории 406, Јаглехидрати 37г., Протеин 29г., Масти 16г.

 

Некој ти го препрати ова?

На 13 Мај ја формираме групата за новиот Летен Предизвик – Тајланд Edition . Кликни на копчето за да дознаеш како да освоиш  патување на Тајланд за тебе и твојот/твојата + 1

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.