НАЈДОБРИОТ ручек од Летен Предизвик 2023

Најдобриот ручек од Летен Предизвик 23та

ЛОСОС БУРГЕРЧИЊА 

Состојки:
– 200 – 250гр. лосос
– 2 лажици просо/кус кус или овес смелен како брашно
– 1 зелена пиперка
– 1 кромид или младо кромидче
– 1 јајце
– 1 лажица сок од лимон
– црн бибер
– сол
– лукче во прав
Прилог:
– 1/4 авокадо
– сок од лимон
– зачини по желба

Инструкции:

За овој рецепт не ти треба блендер. Стави го просото/кус кусот во едно ѓезве да се вари, а за тоа време исецкај го лососот на коцкички. Прилично е нежен па не треба во блендер за да не стане кашесто. Во длабок сад измешај ги лососот, сварено и исцедено просо или кус кус (како последна опција за замена ја ставив овес доколку немаш ни едно ни друго), исецкан зеленчукот и зачините, и формирај бургерчиња. Доколку ги пржиш внимавај да не ги изгориш затоа што не им треба многу. Изгмечи го авокадото, додај сок од лимон и зачини и сервирај како прилог. Комбинирај со свежа рукола, краставица, црвен кромид и балсамик.
Калориски вредности:
Калории 583, Јаглехидрати 15г., Протеин 49г., Масти 37г.

 

Некој ти го препрати ова?

На 13 Мај ја формираме групата за новиот Летен Предизвик – Тајланд Edition . Кликни на копчето за да дознаеш како да освоиш  патување на Тајланд за тебе и твојот/твојата + 1

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.