ПЛАН ЗА КРСТАРЕЊЕ
СЕПТЕМВРИ 6 – 13 | 📍Волос
СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕШ ЗА Peach Army Sailing Week 🏖️⛵
Девојки, време е за авантура што нема да се заборави!
Ова не е само одмор – ова е Peach Army искуство: дружење, будење до море, активни денови и магични ноќи… Си заминуваме со спомени што ќе ги раскажуваме цела година!
👉 Тргнуваме на сабота, 6-ти септември, со автобус од Скопје до Волос, а таму во 16:00 часот се качуваме на едрилицата и веднаш испловуваме кон првата дестинација.
Што нè чека?
🌊 Секој ден нова дестинација:
Волос – Трикери – Скијатос – Скопелос – Алонисос – Евија – назад во Волос
(Патувањето може да варира – затоа едрењето е вистинска авантура!)
🛏️ Сместување:
Сите спиеме на едрилица – малку cozy, но доволно за вистинска дружба и авантура. Соби со брачни кревети, компактни купатила и заеднички простор за уживање и ноќни муабети под ѕвезди.
🍽️ Храна:
Балансирана и лесна – по желба можеме да готвиме заедно на брод, а вечерите се резервирани за таверни и гламурозни излегувања во рибарски градчиња.
🏋️♀️ Активности:
Тренинг на различни плажи – не е задолжително, туку само за оние што сакаат да бидат активни. За останатите – full relax & chill.
☀️ Целта:
Активен одмор во Peach Army дух: пливање, сончање на едрилица и секој ден нова плажа, ново место и ново доживување.
Важно да знаете:
•📍 Тргнуваме: 6-ти септември од Скопје (автобус до Волос).
•🕓 Качување на едрилицата: истиот ден во 16:00 часот.
•🛌 Сместување: сите 7 ноќи на едрилица.
•🍽️ Исхрана: можеме да готвиме заедно на брод или да вечераме во локални таверни.
Како да си го потврдиш местото?
💸 Опција А:
Капар 150 € до 20-ти јули + доплата 300 € до 15-ти август.
💸 Опција Б:
Цела уплата 450 € до 20-ти јули.
Податоци за уплата:
BRAND ME DOOEL
ЕДБ: 4080021595126
Жиро сметка: 200003821504045
Девизна сметка: MK07200003842628802
Swift: STOBMK2X
Банка: Стопанска Банка
Адреса: Ул. Костурски Херои бр. 4-17, Скопје
Цел на дознака: usluga
Дополнителни трошоци:
🚍 Превоз:
Имаме неколку понуди за организиран превоз до Волос, бидејќи ова е првпат да патуваме како голема група – трошокот е околу 50–60€ по лице.
⛽ Гориво и марини:
Овој трошок секогаш варира во зависност од турата и локациите, но просекот е околу 100€ за целиот брод, што на крај доаѓа околу 10–15€ по лице.
✨ Ова патување е само за Peach Army девојки – место каде ќе бидеме свои, ќе се дружиме, ќе уживаме и ќе ја затвориме летната сезона со стил!
Секоја вечер друга плажа, друго градче, друго искуство – но секогаш истата Peach Army енергија.
💖 Те чекаме на палуба! 🌊👯♀️
