
PULSE Season не е само „побрза верзија“ од STRENGTH Season. Ова е фазата каде телото што го изгради и зајакна – учи да се движи со ритам, енергија и континуитет. Оваа сезона е дизајнирана да го подигне твојот пулс, да ја подобри твојата кондиција и да го обликува телото преку динамика, контрола и flow.
Тука не стоиме. Тука не чекаме. Тука се движиме.
Што значи PULSE Season?
✔ Континуирано движење
✔ Повисок пулс и поголема потрошувачка
✔ Комбинирани (combo) движења
✔ Помалку паузи, повеќе flow
✔ Контрола во движење, не само во статична позиција
Ова е период кога телото станува „живо“.
Не само силно – туку брзо, издржливо и функционално.
Структура на PULSE Season
Сезоната е поделена во 3 фази, секоја со своја улога во развојот на кондицијата, контролата и издржливоста:
🟢 ФАЗА 1 – Flow Activation (Ритам и контрола)
Во првата фаза го учиме телото да се движи во континуитет.
Работиме со:
- едноставни комбинации
- умерен пулс
- стабилна техника
Целта е:
да влезеш во ритам
да го поврзеш горниот и долниот дел од телото
да се движиш без прекини
Ова е фазата каде тренингот почнува да „тече“.
🟡 ФАЗА 2 – Pulse Endurance (Издржливост и интензитет)
Во оваа фаза го зголемуваме интензитетот.
Додаваме:
- покомплексни комбинации
- повеќе unilateral движења
- поголем time under tension
Фокусот е на:
контрола под замор
издржливост во движење
стабилност во динамика
Овде телото учи да не застанува кога станува тешко.
🔴 ФАЗА 3 – Peak Pulse (Максимален ритам и моќ)
Ова е кулминацијата на сезоната.
Тука:
- пулсот е висок
- паузите се минимални
- движењата се експлозивни
Работиме со:
- power движења
- комбинации со брза транзиција
- континуиран напор
Целта не е само да издржиш –
туку да доминираш во движењето.
FIT Фокус за PULSE Season
Движи се континуирано – не барај совршена пауза Контролата во движење е поважна од брзината Ако пулсот е висок – тоа е дел од процесот, не проблем Слушај го телото, но не бегај од предизвикот Конзистентноста ќе ти ја даде кондицијатахаотични“
Недела (опционално): Пешачење или целосен одмор
BOOTY Фокус за PULSE Season
Активирај ги глутеусите во секое движење – дури и во кардио Работи со контрола и во брзи движења Комбинирај сила + ритам за максимален shape ефект Пумпата и burn-от се твој сигнал дека работиш правилно Не застанувај прерано – последните секунди прават разлика Повторувањето на исти pattern-и гради форма и дефиниција
Клучната разлика
Build → го изгради телото
Strength → го направи силно
Pulse → го прави функционално, издржливо и спремно за ова лето
