ПИЛЕШКО со сушен домат

Состојки

  • 150 гр пилешки стек/ВЕГЕ: 70 гр сејтан
  • 2 лажици грчки јогурт
  • 1 кромид
  • 1 чешне лук
  • Сушен домат (се продава во ќесички во Стокомак)
  • Мало лажиче пармезан
  • Зачини: бибер, шарена сол, тако зачин, кари, куркума
  • 1 лажица маслиново масло

Начин на припрема

Најпрво исецкај го месото/сејтанот на парчиња по желба, стави го во длабок сад и стави му зачини и масло. Измасирај го ако немаш време да го оставиш да се маринира, и префрли го во тавче на оган да се испржи. Кога е готово, тргни го од тавчето па во тавчето стави да се пропржи кромидот, лукчето и сушениот домат (сушен домат се продава во ќесички во Стокомак со сигурност, знам дека има и во масло во тегличка но секако за нас поздрава опција е само сушен домат чист). Ако не најдеш сушен домат, стави си обичен не е страшно. Штом омекне кромидот, додај го грчкиот јогурт и пармезанот, промешај па врати го месото/сејтанот назад во сосос (може и малку водичка да додадеш). Кога веќе ручекот е при крај нароси го пармезанот и покриј со капак. Комбинирај со свежа салата.

Related Articles

ТЕРИЈАКИ ПИЛЕШКО ТАКО

Состојки: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да додадете домат, зелена салата…

ПИЛЕШКО СО ЛУКЧЕ И ТИКВИЧКА

Состојки: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да додадете печурки, пиперки или…

КРЕМАСТО ПЕСТО ПИЛЕШКО

Состојки: Начин на подготовка: Веге варијанта: Наместо пилешки стек, користете сејтан и следете ја истата постапка. Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли…

ПИЛЕШКО ЌЕБАП-ЌОФТЕ

Состојки: Начин на припрема: За веге опција, заменете го пилешкото со сејтан, кој треба да се изблендира и да се подготви на истиот начин. Прилагодување…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.