МИСИРКИНА СУПА

Состојки

  • 100 гр мелено мисиркино/пилешко месо/ВЕГЕ: 70 гр сејтан
  • 50 гр наут (жив)
  • 1 лажица ориз (жив)
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 1 пиперка опционално
  • 1 чешне лук
  • ½ коцка супа
  • 300 мл вода
  • Сушен домат опционално
  • Свеж магдонос
  • Зачини: шарена сол, бибер, нане, други по желба

Начин на припрема

Најпрво стави да се вари наутот и оризот, посебно.  Исецкај го зеленчункот и запржи го на 1 лажица маслиново масло во тенџере или подлабоко тавче, па штом омекне додади го меленото месо/сејтанот да се пржи заедно со зеленчукот. Стави зачини, промешај додека да смени боја месото па додај ја и коцката супа и водата. Додај ги и сварениот наут и оризот, штом дојде до точка на вриење намали ја температурата и остави да се прокрчка малку да се соединат сите вкусови. Можеш да ставиш ловоров лист и свежи билки исто така. Ќе процениш сама кога е готова, како и сама да си ја одредиш густината на супата.

Слични теми

Тава Ориз со Пилешко

СостојкиПилешко бело месо: 200 g, исечкано на коцкиИнтегрален ориз: 50 gМаслиново масло: 1 лажичкаКромид: 1 мал, ситно исечканПиперка: 1, исечкана на коцкиМорков: 1, изренданПраз: 1/2…

ПОЛНЕТ МОДАР ПАТЛИЏАН

Состојки: Начин на припрема: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да замените мелено телешко со…

ГВАКАМОЛИ МЕЛЕНО МЕСО

Состојки: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да додадете и други зеленчуци…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.