![](https://peacharmy.b-cdn.net/wp-content/uploads/2024/10/138.jpg)
ПОЛНЕТ СЛАДОК КОМПИР
![](https://peacharmy.b-cdn.net/wp-content/uploads/2024/02/4d-1.png)
Состојки
- 1 сладок компир до 150 гр
- ½ кромид
- ½ морков
- Малку зелка
- Неколку кикиритки
- 2 лажици наут (жив)
- За дресинг: сок од лимета или лимон, мало лажиче мед, мало лажиче путер од кикирики, 1 лажица маслиново масло, 1 лажица соја сос и бибер
Начин на припрема
Стави да се вари наутот, а слаткиот компир пресечен на пола да се пече на хартија (за побрзо да се испече). Зеленчуците исецкај ги, спој ги состојките за дресингот па штом е готов слаткиот компир извади го од рерна, малку испасирај ја меката внатрешност па полни го со наут и салатата. Прелиј го со дресингот и уживај во твојата необична вечера. Доколку мислиш дека нема да ти се допадне дресингот, слободно изостави го па искористи само она што мислиш дека ќе ти се допадне, макар тоа било само сок од лимон и маслиново. Но, знаеш како велам секогаш нели, дај им шанса на новите вкусови.