TUNA CHICKPEA BOWL
Состојки
- 1 туна мала
- Зелка
- 1 чешне лук
- ¼ авокадо
- 3 лажици наут
- 3-4 маслинки
- 1 луто пиперче опционално
- 1 мало лажиче семки од тиква или сусам
- 2 лажици доматно пире
- Сок од лимон
- 1 лажица маслиново масло
- Зачини: сол, бибер, црвен пипер
Начин на припрема
На тавче на оган стави маслиново масло па додај ги заедно претходно сварениот наут, туната исцедена од течност, доматното пире, лимоновиот сок и зачини. Промешај да се спојат сите вкусови, а исецканата зелка измешај ја со исецкано лукче, сол и сок од лимон па постави ја како основа за твојот денешен оброк, врз неа стави ја смесата со туна, па авокадото и маслинките. Нароси со семки од тиква или малку сусамче.