МЕДИТЕРАНСКИ ОМЛЕТ

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 лажица растително млеко
  • 1 шака спанаќ или бејби спанаќ
  • ½ црвена пиперка
  • 3-4 шери доматчиња или 1 обичен
  • 3-4 маслинки
  • 30 гр фета сирење
  • Свеж магдонос
  • Зачини: црн бибер, оригано, нане

Начин на припрема

Најпрво, исецкај ги пиперката и доматот, па заедно со спанаќот стави да се пропржат во тавче на 1 лажица маслиново масло. Штом омекнат, извади ги настрана и во истото тавче стави да се пржи/пече омлетот од 2 јајца изматени со 1 лажица растително млеко и зачини. Штом е готов омлетот, наполни го со пропржениот зеленчук, преклопи го а одозгора нароси со свеж магданос, маслинки и искршено фета сирење.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.