Dance Cardio

СПЕЦИЈАЛНАТА ПОНУДА ИСТЕКУВА ЗА:

дена
часа
минути
секунди

ШТО Е DANCE CARDIO?

Dance Cardio e најзабавниот начин да трошиш калории и топиш масти секој ден. Без разлика дали знаеш да танцуваш или не, секоја денс кардио кореографија е осмислена лесно да ги следиш движењета и да ги активираш мускулите на целото тело – следејќи го тактот на музиката. 

1590ден.

1290ден.

*еднократно

БОНУСИ:

3990ден

1990ден.

*еднократно

БОНУСИ:

ЗОШТО DANCE CARDIO?

Замисли го ова сценарио…

Си доаѓаш дома од работа и гледаш дека веќе е темно надвор. Изморена, изнервирана и гладна.

Не ти се оди во теретана и не ти се тренира.

Но, пред некој ден реши дека ќе започнеш да вежбаш и да се грижиш за себе.

Немаш време, немаш енергија. Стануваш ушто поизнервирана и се чувствуваш како да си заглавена во времето и просторот… 

Ти треба нешто брзо, што ќе те “дигне“, испоти, активира и направи да се насмееш после тешкиот и напорен ден. 

Од денес, веќе ќе го имаш ова со Dance Cardio! 💃🏻

Во 10на минути дневно:
– ќе го активираш цело тело,
– ќе си ја подобриш циркулацијата на крв,
– ќе топиш масти без да гледаш на саат,
– ќе ја подобриш флексибилноста на телото,
– ќе забележиш повеќе позитивна енергија кај себе,
– ќе се чувствуваш постабилна, координирана и ќе започнеш да одиш поисправено…

Комбинирај го ова со вкусните, брзи рецепти и секојдневната комуникација со илјадниците девојки во Армијата и ќе ја почувствуваш вистинската магија на Peach Army и Dance Cardio-то.

Те очекуваме,

Ана и Ева ❤️ 💃🏻 

ШТО ДОБИВАШ ВО DANCE CARDIO?

Dance Тренинзи

Што влезеш во Dance Cardio ќе ги видиш и НОВИТЕ Dance тренинзи низ коишто Ева ќе те води со директна нарација. Те очекуваат различни стилови и музика: 2024 Hits, 2000s Hits , 90s Hits и Christmas Hits. Како новина, овојпат ќе те изненадиме и со dance cardio тренинг со МАКЕДОНСКИ ХИТОВИ.

Dance водичи

Покрај основните Dance Cardio тренинзи, за тебе креиравме и кратки видео водичи преку коишто ќе можеш да ги научиш чекорите на секоја Dance кореографија и полесно да го изведуваш тренингот. Ова е новина што сметаме дека ќе го направи твојот тренинг многу поефективен.

Вкусни, брзи рецепти

За магијата на Dance Cardio да биде уште поголема, Ана се потруди да ги имаш најдобрите и највкусните рецепти од 2024та година. Ова “special selection мени“ доаѓа со шопинг листа и е распоредено по денови и категории на појадок, ужина, ручек и вечера. Секој рецепт има пресметани калории и макронутриенти.

Бонуси и Мотивација

Штом ни се придружиш во Dance Cardio, веднаш добиваш пристап до Армијата кадешто секој месец можеш да освоиш НАГРАДНО ПАТУВАЊЕ во Европа. Доколку ја избереш опцијата со годишен пристап ќе имаш БОНУС од 10 ТАБАТА тренинзи со Ана како и Peach Army ваучер од 600 денари.

Мобилни апликации

За искуството и сево ова што досега споделивме да биде уште подостапно за тебе, со членството во Peach Army ќе ја добиеш и можноста за користење на бесплатна iOS и Android апликација за следење на предизвикот. 

Што велат другите?

Сѐ уште се двоумиш дали да се приклучиш во Армијата? Погледни ги овие импресии:

Прашања и одговори

Dance Cardio e специјализирана програма за вежбање на музика. Составена е од различни видео тренинзи со различни стилови на музика, кореографии и перфектно смислени движења според стилот на музиката . Спој на кардио вежби прилагодени да одговараат на тактот на музиката. Нова или модерна верзија на класичниот Денс Аеробик.

За СИТЕ! Без разлика која е твојата моментална цел, слабеење или накачување мускулна маса, сите имаме кардио сесии во неделата. Па наместо возење велосипед, џогирање, скокање на јаже, планинарење и слично... Измисливме многу позабавен и побрз начин да те дигнеме од кревет, а добрата вест е што се трошат три пати повеќе калории од вообичаено за рекордно време.

Без разлика дали во моментов си на наша или некоја друга програма, не е ништо погрешно ако паралелно ги изведуваш и овие кардио тренинзи. Биди сведок и види како се топи целулитот пред твои очи. Оној жар и црвенило на нозете после само едно видео од 10 минути. Вежбите во теретана се супер, но обемот на струкот најмногу се намалува овде. Ана е заљубена во овој тип на кардио, а ти ќе го обожаваш исто....можеби и повеќе!

АНА: Јас припаѓам во оваа група, сум и ќе бидам дел од предизвикот, а еве како: Продолжувам со мојата програма за зголемување на мускулна маса, а наместо да вртам на статичен велосипед како досега, јас ќе играм! Не знам дали знаеш, но за мене идеалното женско тело е извајано од мнооогу танцување + вежби за зголемување на мускулна маса, нешто во стилот на Бијонсе и Џеј Ло 🙂 

Верувај ми, никој никогаш не зажалил од премногу танцување!

Предизвикот е составен од пет различни видеа кои траат од 8 до 10 минути. Со секое следно видео се накачува и интензитетот на тренингот, но сепак сметам дека е прилагоден и за почетници. Без разлика дали си почетник или не мојот совет е слушај си го телото. Има денови кога сме со повеќе или помалку сила. Во делови од песните кога има рипање, направи ги истите движења само без скок се додека не се почувствуваш спремна да играш со ист интензитет како мене. Не заборавај дека секогаш можеш да стиснеш на пауза, да се одмориш, па да продолжиш. Чекорите се едноставни и може да ги следи секој. После неколку играња верувам дека ќе играш и без да ме гледаш. Уживањето започнува кога ќе ја научиш цела кореографија на памет!

Пристап ќе имаш 2 месеца или цела година. Во зависност од избраната опција за уплата.

Уште сега/веднаш. Те очекуваме.

Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ или “започни сега“ на оваа страница.

Уплатата се прави со твоите лични информации, бидејќи со нив ќе се создаде профил на платформата.

Доколку веќе имаш профил, најави се прво и потоа кликни копчињата за уплата.

Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

Плаќањето е 100% сигурно и безбедно.

Уплата преку жиро сметка не е возможна.

Фокусот и магијата во овој предизвик се видеата со играње и би било неубаво да е поинаку. Во овој Dance Cardio ќе добиеш мени што преставува микс од најдобрите рецепти во 2024та година. Предлог мени кое ќе ти даде насока и идеи како да се исхрануваш. Повторувам, не заборавај дека на овој предизвик танцувањето е во прв план.

Овој предизвик не е за трудници. За трудници ја имаме Baby Mama програмата: https://peacharmy.mk/babymama/

Не. Доколку си доилка, за тебе е MamaFIT програмата на https://peacharmy.mk/mamafit-2/

И покрај тоа што со секое видео таргетираме различна мускулна група, при танцувањето се активира целото тело! Согоруваме масти, а не ни е досадно ни секунда. Мускулите се тонираат и телото добива убава, женствена форма. Танцувањето не прави попаметни и пофокусирани затоа што во исто време се трудиме да го фатиме ритамот, да ја изведеме правилно вежбата, а треба и да се сетиме кој е чекорот што следува без да излеземе од ритам. Дефинитивно не прави посреќни, ја намалува анксиозноста и ја убива монотонијата на класичниот тренинг. Човек што танцува, не може да биде тажен!

Сѐ зависи за каков здравствен проблем станува збор, но како тренер не сум таа која треба да го има завршниот збор кога се работи за здравје и затоа моите клиенти ги советувам најпрво да се советуваат со лекар. Моите програми и предизвици се смислени за луѓе кои немаат здравствен проблем и се комплетно здрави, но тоа не значи и дека не се добри за останатите. Станува збор за интензивно кардио од 10 минути без одмор. Жените со срцеви заболувања, прекумерена тежина, проблем со коските и зглобовите, колената, Дискус хернија и слично потребно е да се советуваат со лекар затоа што во спротивност одговорноста од несакани повреди и случувања е целосно на нивна страна.

Апликацијата е достапна во Google Store и Аpp Store и е функционална САМО за оние што имаат купено програма/членство. Mожеш да ја симнеш од: https://peacharmy.mk/apps

Најавата ја правиш преку “Најави се “ копчето на почетната страница. Користи го меилот со кој имаш уплатено за програмата. Лозинката останува иста доколку не ја промениш. Доколку ти треба помош прати емаил на [email protected]

Рефундирање на средства може да се побара во рок од 7 дена од денот на уплата.

Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман. Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://peacharmy.mk е само на твоја, сопствена одговорност.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.