InstaBOOTY GYM e програма за качување на мускулна маса/килограми, тонирање на задникот и формирање цело тело – со вежби за во теретана.
*односно 4140ден. секои 6 месеци
*членството се наплаќа секој месец
*односно 5940ден. секои 6 месеци
*членството се наплаќа секој месец
Во InstaBOOTY GYM програмата ќе добиеш комплетно нови тренинзи секој месец снимени во професионална теретана со најнови справи.
Секој месец за тебе ќе подготвиме мени со комплетно нови, вкусни, брзи, балансирани оброци.
Нови, едноставни и економични рецепти
Шопинг листа за полесно пазарување
Сезонски рецепти и намирници
Со членството во програмата ќе ја имаш поддршката, мотивацијата и дружбата со Армијата секој ден. Ќе споделуваме успеси и падови, но едно е сигурно: Ќе се бориме ЗАЕДНО!
Првото патување во Армијата на кое сме многу горди. Девојките кои беа на патувањето освоија прво место во својата категорија како победнички за Peach Army 2022 во класа програми и предизвици. Си поминавме преубаво и немаме трпение да ни се придружиш на следното патување. ❤️
Во Шпанија патуваа победничките на Летниот Предизвик 2023, но и членовите на Peach Army. Инспирирани од нашето прво патување и од големиот интерес, организиравме Peach Army паување во Шпанија на коешто беа поканети сите девојки од Армијата. 💫
Ја менуваме играта за мотивација: сакаме да ги одржиш резултатите што ќе ги постигнеш, но и да покажеш на сите дека резултатите со Peach Army програмите се неизбежни. Затоа те наградуваме на три начини:
Неколку пати годишно,
ќе избираме најдобри трансформации на предизвиците или
програмите.
Награда од 5000 евра за најзаслужната жена/дама/кралица во Армијата.
Ќе имаш можност да учествуваш во активности кадешто ќе бидат доделувани награди за најактивните членови
За искуството и сево ова што досега споделивме да биде уште подостапно за тебе, од 22ри Октомври, со членството во Peach Army ќе ја добиеш и можноста за користење на бесплатна iOS и Android апликација.
Peach Army e веќе местото каде што доаѓаш за да добиеш сѐ што ти треба за да тренираш, доминираш и мотивираш. Затоа, доколку сакаш да вежбаш уште повеќе од основните програми, од 15ти Октомври ќе имаш можност да користиш нови, специјализирани тренинзи од избрани експерти.
Тренинзи за посебни мускулни групи.
Тренинзи кои ќе те доведат на твоето следно ниво.
Тренинзи за практична флексибилност
Со купувањето на програма ќе имаш можност да користиш бенефити во вредност од над 18000 денари.
Решивме во следната година да организираме или да ја поддржиме организацијата на повеќе ЕКСКЛУЗИВНИ, реални настани кадешто ќе можеме да се собираме и забавуваме заедно. Без разлика од кој град си, ќе се потрудиме да имаш можност да бидеш дел од сево ова.
Сѐ уште се двоумиш дали да се приклучиш во Армијата? Погледни ги овие резултати:
InstaBOOTY GYM e програма за качување на мускулна маса/килограми, тонирање на задникот и формирање цело тело. Вклучува:
Оваа програма, директно кажано е за девојки што сакаат да качат мускулна маса и да имаат подобро оформено “бути“.
Вежбите за оваа програма се направени за тренинг во теретана.
Програмата трае се додека корисникот има уредно платено членство. Зависно од тоа која опција ја имате одбрано програмата може да биде купувана како претплата на месечно ниво или на полугодишно/шестмесечно ниво.
Пристап до програмата зависно од уплатата е еден месец по уплата за месечна претплата, и шест месеци по уплата за полугодишна/шестмесечна од денот на уплатата.
Уште сега/веднаш. Те очекуваме.
Актуелните цени можеш да ги погледнеш погоре на оваа страница.
Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница.
Уплатата се прави со твоите лични информации, бидејќи со нив ќе се создаде профил на платформата.
Доколку веќе имаш профил, најави се прво и потоа кликни копчињата за уплата.
Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.
Уплатата може да се изведе месечно како претплата или еднократно. Плаќањето е 100% сигурно и безбедно.
Уплата преку жиро сметка не е возможна.
Мислам дека девојките посебно ме почитуваат заради овој дел и предизвик ми е секој пат да ги изненадам. Кога ќе ми речат дека едвај чекаат да станат за да си го направат рецептот, јасно ми е дека ќе има нов бран на успешни трансформации. Храна е уметност и никогаш нема да дозволам да имаме досадно мени без разлика што се храниме здраво. Тука сум да докажам дека здравата храна е дааалеку повкусна од она на кое сте навикнати. Менито е прилагодено на Македонскиот стандард, без скапи и тешко достапни продукти. Ќе има мени и за вегетаријанци
Веќе спомнав дека програмите се направени во нивоа, па така и секој месец се зголемува интензитетот на вежбите. Вежбите се предвидени да се прават дома, во парк, сала или било каде и да ти одговара.
Без разлика дали си почетник или веќе тренираш имаме вежби за тебе. Верувај ми многу овој пат, знам што ти спремив!
Исхраната е идеална за сите, вежбите се оние за кои чуствувам голема одговорност пред да кажам ДА и секако прво треба да се консултирате со лекар. Како и да е, овие програми НЕ се предвидени за трудници без разлика што имате зелено светло од доктор.
Нема да скријам дека премногу мајки се веќе дел од моите програми и немаат никаков проблем со доењето, но сепак чуствувам голема одговорност и ќе ве советувам најпрво да се консултирате со лекар пред да започнете со мојата програма.
Верувам дека поглемиот дел од вас веќе знаат што можат да очекуваат, но доколку си нова на мојот сајт и профил во продолжение ќе споделам дел од трансформациите и тестомонијали од девојките кои се дел од моите програми. Повеќе можеш да видиш и на овој линк:https://peacharmy.mk/hero/
Апликацијата е достапна во Google Store и Аpp Store и е функционална САМО за оние што имаат купено програма/членство.
Користи го меилот со кој имаш уплатено за програмата/го. Лозинката останува иста доколку не ја промениш. Доколку ти треба помош прати емаил на [email protected]
Членството функционира преку наплата која се врши системски/автоматизирано секој месец - доколку го избереш месечното членство.
За полугодишните членства наплатата се врши секои 6 месеци исто така автоматизирано.
Ако сакаш да ја прекинеш претплатата пиши ни на [email protected]
Рефундирање на средства може да се побара во рок од 7 дена од денот на уплата.
Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман. Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://peacharmy.mk/ е само на твоја, сопствена одговорност.
There was a problem reporting this post.
Please confirm you want to block this member.
You will no longer be able to:
Please note: This action will also remove this member from your connections and send a report to the site admin. Please allow a few minutes for this process to complete.
