АЛФРЕДО ПАСТА

Состојки

  • 1 кромид
  • 1 чешне лук опционално (пожелно за вкус)
  • 1 пиперка опционално
  • 150 гр пилешки/мисиркин стек/ВЕГЕ: 60гр сејтан
  • 50 гр интегрална паста
  • 1 лажица грчки јогурт
  • 30 гр фета
  • 1 полна рака спанаќ
  • Малку од водата во која се вари пастата
  • Зачини: шарена сол, бибер и тако зачин

Начин на припрема

Неверојатен вкус, верувај ми. Стави ја пастата да се вари (најпожелно е паста од леќа, наут или хељда за плус протеини, но не е грешка и ако е интегрална), а додека се вари пастата на 1 лажица маслиново масло во тавче пропржи ги исецканите лук и кромид. Штом омекнат додај го спанаќот и стекот/сејтанот исецкан на парченца па пржи додека не фати боја. Додај малку од водата во која се вареше пастата и 1 лажица грчки јогурт заедно со фетата и  зачините, промешај убаво и остави да се крчка некое време додека да се соединат сите состојки, можеш и да намалиш температура па да покриеш со капак ако не ти се брза, но и не мораш. На крај додај ја во тавчето и сварената паста, промешај и нека крчка додека не испари течното.

Слични теми

ТЕРИЈАКИ ПИЛЕШКО ТАКО

Состојки: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да додадете домат, зелена салата…

КРЕМАСТА ДОМАТНА ЧОРБА

Состојки: Начин на подготовка: Прв начин (печен зеленчук): Втор начин (сварен зеленчук): Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.