Бојана Петровска е нашиот прв експерт од областа на психологијата. Бојана е психолог, семеен и системски советник, практикант на child focused play therapy, организациски консултант за ментално здравје, основач на Мој психолог. Peach Army е поборник за менталното здравје и поврзаноста на истото со нашата фитнес рутина, и знаеме колку е важно да се синхронизираат двете. Отпочнавме со борба со неактивниот начин на живот, депресијата и анксиозноста – како едни од најчестите проблеми со кои Армијата се соочува на патот до својата цел, ова се најчестите, но не значи и дека се единствените проблеми и препреки до таму. Дел од најголемите трансформации како резултат на програмите го истакнаа подобрувањето на нивното ментално здравје како и значително намалување на анксиозност, или целосно ослободување од неа. Преку работилницата Бојана ќе не обучи: 1. Што е Анксиозноста и како да ја препознаеме? 2. Зошто се појавува? 3. Ќе ни предочи начини на справување со неа секој пат кога има кулминација на анксиозноста за да ја „спуштиме топката“ – како наша реакција и решавање на проблемот краткорочно; 4. Како и тоа кои се клучни навики/вештини на кои треба да се работи за да се справиме односно да ја менаџираме анксиозноста долгорочно.
Бојана Петровска е нашиот прв експерт од областа на психологијата. Бојана е психолог, семеен и системски советник, практикант на child focused play therapy, организациски консултант за…
Втората онлајн работилница со експерти, овојпат со Светлана и Валентина од МОДИ ЦЕНТАР – здружение за гешталт тренинг, психотерапија и психодијагностика. Работилницата беше водена од две…
Катерина Ангеловска е автор, советник за личен развој, учител по Mindfulness (свесна) медитација, Реики мастер енергетски терапевт, мотивациски говорник. Во работилницата со Катерина ќе совладаш повеќе работи:…
Горан Трајковски е доктор по интерна медицина. Најпознат инфлуенсер меѓу докторите и најпознатиот доктор меѓу инфлуенсерите. Македонец, кој живее и работи во Германија. Тој преку својот…
Анџела Нонковски е дипломиран психолог на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Квалификувана е како лиценциран психолог со дозвола за работа од Комора на психолози на…
м-р Радмила Манчевска e магистер по клиничка психологија, моментално работи како заменик претседател на АСПЕКТИ СКОПЈЕ. Нејзиното искуство го стекнува преку примена на гешталт советување и…
Пеце Стојановски ќе не обучи како правилно да користиме суплементи на база на нашата возраст и цел.
Погледни ја најновата работилница со Д-р Фанка за да научиш кои се главните фактори кои влијаат на нашата диоптрија.
Please confirm you want to block this member.
You will no longer be able to:
Please note: This action will also remove this member from your connections and send a report to the site admin. Please allow a few minutes for this process to complete.