ИСХРАНА ЗА STRENGTH SEASON

BOOTY TEAM – Исхрана за STRENGTH сезона

Ова не е диета – ова е гориво за сила. Во STRENGTH Season не јадеш за да бидеш „полесна“, туку за да бидеш посилна, постабилна и поиздржлива. Тука храната не е непријател – таа е алатка.Не гладуваме. Не импровизираме. Не јадеме „чисто“ без план.

Секој оброк има улога:
➡️ да ти даде енергија за тешки тренинзи
➡️ да го заштити мускулот
➡️ да го забрза опоравувањето
➡️ да ти овозможи прогрес од недела во недела

Целта на исхраната во STRENGTH Season

Целта во оваа сезона е контролиран калориски баланс со висок протеин, доволно енергија и фокус на квалитетни намирници – за да можеш да креваш повеќе, да се опоравуваш побрзо и да ја задржиш мускулната маса што си ја изградила.

Ова не е фаза за агресивно топење масти.Ова е фаза за јакнење на телото одвнатре.

Структура на исхраната

Исхраната е јасно структурирана и предвидлива, за да му дадеш сигурност на телото:

  • 3 главни оброци дневно
  • 1 протеинска ужина по потреба (околу тренинг или во подолги денови)

Јадеш редовно, за да:

  • имаш стабилна енергија
  • избегнеш падови во сила
  • не влегуваш во тренинг „празна“

Шеќерот во крвта треба да биде стабилен – затоа нема хаотични грицки, нема несвесно јадење, нема екстреми.

Кога јадеш – јадеш за сила

Секој оброк треба да содржи:

  • Протеин – основа за сила и опоравување
  • Зеленчук – за варење, минерали и стабилност
  • Контролиран извор на енергија – за да можеш да притиснеш на тренинг

Ова е сезоната каде телото мора да има што да користи. Без енергија – нема сила. Без протеин – нема напредок.

Ако јадеш надвор

STRENGTH Season ≠ изговор.

Бирај протеин: месо / риба / јајца
Комбинирај со салата или зеленчук
Контролирај масла и сосови
Подобро едноставно и доволно, отколку „совршено“ и недоволно
Силата не се гради со идеални услови, туку со конзистентни одлуки.

Кризата ќе дојде – затоа имаш правила

Ако си гладна → јади, не игнорирај
Ако ти паѓа енергија → провери дали јадеш доволно
Ако сакаш благо → протеин + нешто мало, не хаос
Ако згрешиш → продолжи со следниот оброк

Во оваа сезона опоравувањето е исто толку важно како тренингот.

Важно да запомниш

Во STRENGTH Season:

  • не се казнуваш со глад
  • не се споредуваш со други
  • не го саботираш телото

Го храниш телото што го тренираш. Го поддржуваш телото што носи тежина. Градиш сила што останува.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.