![](https://peacharmy.b-cdn.net/wp-content/uploads/2024/10/124.jpg)
БОРАНИЈА со мелено месо
![](https://peacharmy.b-cdn.net/wp-content/uploads/2024/02/1c-2.png)
Состојки
- 150 гр мелено телешко месо
- 100-150 гр боранија
- 1 кромид
- 1 лукче опционално
- 1 морков
- ½ коцка за супа
- 200 мл доматен сос
- Вода по потреба
- Зачини: бибер, црвен пипер, шарена сол, кари, куркума, нане
Начин на припрема
Можеби превртуваш очи штом видиш лук во состојките, но некои состојки играат клучна улога за вкусот на оброците, како лукот така и зачините. Затоа го ставам како опционално, знак дека не мораш да ставиш лук или се од наведените зачини ,но ете пробај некогаш да ставиш нешто што не е вообичаено за тебе, може ќе се изненадиш. Најпрво исецканите кромид и морков запржи ги на малку маслиново масло, штом омекнат додај го месото, додај ги и зачините и промешај додека месото не смени боја. Додај го доматниот сос и вода онолку колку што сакаш, ако сакаш потечно или пак стави во едно тавче за печење и потпечи го денешниот ручек, како ти е полесно така. Доколку останеш на рингла, додај ја боранијата штом зоврие течноста, покриј со капак малку да се соединат сите вкусови, па откриј и крчкај онолку колку што сакаш течноста да испари и ручекот да ти се згусне. Комбинирај со свежа зелена салата.