ЧИКЕН ДОНЕР
Состојки
- 1 интегрална тортиља
- 150 гр пилешко месо/мисиркин стек/ВЕГЕ: 60 гр сејтан или 150гр тофу
- ½ краставица
- ½ кромид
- Шери или обичен домат
- 1 лажица доматно пире или сос
- 1 лажица грчки јогурт
- 1 лажиче сенф
- Малку марула или рукола, опционално
- Сок од лимон, балсамик
- Зачини: тако, буковец, бибер, пипер, оригано, лук во прав, таратур микс
Начин на припрема
Ориз ќе исклучиме од рецептов, веќе имаме тортиља. Оригиналниот начин за пилешко донер е поголеми парчиња пилешко, маринирани и набоцкани на метални прачки да се печат, но ќе ти го скратам процесот со тоа што директно ќе го исецкаш пилешкото односно сејтанот на парчиња, па маринирај го со сок од лимон, малку маслиново масло (не повеќе од 1 лажица), балсамик и зачини , измешај добро па печи го во рерна на хартија за печење или пржи го на тавче како што си е маринирано без да додаваш дополнително масло. Додека се спрема пилешкото односно сејтанот, подготви ги другите состојки, премачкај ја тортиљата со доматното пире, врз неа нареди си од наброените зеленчуци, а грчкиот измешај го со сенфот, може да му додадеш зачин таратур микс и него го прелеваш на крај врз месото откако е испечено и ставено врз салатите на тортиљата. Може да го свиткаш , може да го јадеш и „растурено“. Уште еден оброк од рајот на Peach Army!