ЧОРБА од карфиол и сладок компир

Состојки

  • 1 китка мал карфиол
  • 1 сладок компир до 150 гр
  • 1 морков
  • 1 кромид
  • 1 чешне лук
  • Малку свеж ѓумбир
  • 50 мл доматно пире
  • 1 коцка за супа
  • 250 – 300 мл вода
  • 2 лажици грчки јогурт
  • Зачини за карфиол: сол, бибер, ѓумбир во прав, цимет, куркума
  • 1 парче интегрално лепче

Начин на припрема

Карфиолот исецкан попрскај го со малку маслиново масло и зачините, и стави го да се пече на хартија на 220 степени 15-тина минути. Во меѓувреме, во тенџере на 1 лажица маслиново масло стави да се пропржат кромидот, лукот и морковите, па по 5 минути додај го и ѓумбирот. Додај ја водата, доматното пире, коцката за супа и слаткиот компир. Остави да се крчка на тивко додека не омекне зеленчукот, некои пола саат. На крај додај го грчкиот јогурт и испечениот карфиол па соедини се со помош на рачен блендер, или како ти одговара. Потпечи го лепчето и уживкај.

Related Articles

ЧОРБА ОД ТИКВА И ЛЕЌА

Состојки: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да додадете тиквички или сладок…

САЛАТА СО СЛАДОК КОМПИР

ПЕЧЕН СЛАДОК КОМПИР СО СВЕЖА САЛАТА И НАУТ Состојки: За дресинг: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто Поставувани Прашања: Можам ли да заменам…

ЧОРБА ОД ЦРВЕНИ ПИПЕРКИ

Состојки: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да додадете свежи домати наместо…

ЛАЗАЊА СО МОДАР ПАТЛИЏАН

Состојки: Начин на припрема: Прилагодување за мускулна маса: Додај 200 гр мелено месо наместо 150 гр за поголем внес на протеини. Најчесто поставувани прашања: Може…

КРЕМАСТА ДОМАТНА ЧОРБА

Состојки: Начин на подготовка: Прв начин (печен зеленчук): Втор начин (сварен зеленчук): Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.