
Состојки:
– 450гр пире од тиква
– 1 кромид, ситно сечкан
– 2 чешниња лук
– 1л вода и 2 коцки зеленчукова супа
– 250мл кокосово млеко, или било кое друго нискомасно млеко
– 1 лажичка маслиново масло
Подготовка: Пропржете го кромидот и лукот на малку маслиново масло, а потоа додајте ги тиквата и супата. Оставете да се вари 15 минути, а потоа додадете го кокосовото млеко и испасирајте ја супата.
Калории: 264 kcal | Јаглехидрати: 34 г | Протеини: 5.2 г | Масти: 12.9 г