КАПРЕЗЕ СЕНДВИЧ

Состојки

  • 1 модар патлиџан
  • 30 гр моцарела
  • 1 домат
  • Свеж босилек
  • 1 лажиче песто
  • Зачини: сол, бибер

Начин на припрема

Исецкај ги состојките на кругчиња, и прво стави го модриот патлиџан на хартија да се испече да омекне. Штом омекне, извади го од рерната и нареди ги и останатите состојки без пестото. Врати во рерна да се растопи моцарелата, сервирај и нароси со песто, зачини и свеж босилек.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.