КРЕМАСТА ЧОРБА

Состојки

  • 1 компир до 120 гр
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • Целер опционално
  • 2 лажици пченка
  • 2 лажици грашок
  • Чешне или две лук
  • Коцка за супа
  • Свеж магдонос
  • Зачини по желба

Начин на припрема

Исецкај ги сите зеленчуци, па во тенџере прво пропржи ги кромидот, лукчето и морковот. Откако омекнат додај ги и останатите зеленчуци, стави вода колку да ги покрие сите состојки, коцка супа и затвори со капак да се крчка. Провери со вилушка штом мислиш дека се сварени, извади мала количина и изгмечи ја со вилушка па врати ја назад уште 5 минути да крчка и да и даде малку густина на чорбата. Нароси си свеж магдонос и уживај.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.