КРЕМАСТА ВЕГЕ ПАСТА

Состојки

  • 50 гр протеинска паста (од леќа, хељда, наут – ја има во ДМ, Тинекс)
  • 200 гр свежи печурки
  • 1 кромид
  • 1 лукче
  • ½ канче грчки јогурт
  • 1 лажиче пармезан
  • Зачини: шарена сол, бибер, лукче во прав, оригано, нане

Начин на припрема

Вклучи ја рерната да се загрева (на 220 од прилика), а пастата стави да се вари. Во едно тавче за печење на хартија стави ги исецкани кромидот, лукчето и печурките, попрскај ги со малку маслиново масло и стави да се печат. Штом омекнат, додај им грчки и пармезан и зачини, промешај и врати на печење да се спојат сите вкусови, а пастата сварена исцеди ја од вишокот течност. Додај ја сварената паста во тавчето за печење, промешај и врати пак уште малку на печење, ти си го диктираш времето во смисол дали сакаш поиспечено или само колку да се спојат. Втора варијанта ти е, свари паста, пропржи кромид, лук и печурки, додај им грчки и пармезан и зачини, па сварена паста на крај во истото тавче, на рингла. Кој начин и да го избереш, нема да згрешиш – секако е превкусно!

Related Articles

КРЕМАСТА ДОМАТНА ЧОРБА

Состојки: Начин на подготовка: Прв начин (печен зеленчук): Втор начин (сварен зеленчук): Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам…

АЛФРЕДО ПАСТА

Состојки Начин на припрема Неверојатен вкус, верувај ми. Стави ја пастата да се вари (најпожелно е паста од леќа, наут или хељда за плус протеини,…

ЛАЗАЊА СО МОДАР ПАТЛИЏАН

Состојки: Начин на припрема: Прилагодување за мускулна маса: Додај 200 гр мелено месо наместо 150 гр за поголем внес на протеини. Најчесто поставувани прашања: Може…

КРЦКАВ ОРИЗ САЛАТА

Состојки: Дресинг за ориз: Дресинг за салатата: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да,…

САЛАТА СО СЛАДОК КОМПИР

ПЕЧЕН СЛАДОК КОМПИР СО СВЕЖА САЛАТА И НАУТ Состојки: За дресинг: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто Поставувани Прашања: Можам ли да заменам…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.