![](https://peacharmy.b-cdn.net/wp-content/uploads/2024/10/166.jpg)
ЛОВЕЧКА ШНИЦЛА
![](https://peacharmy.b-cdn.net/wp-content/uploads/2024/03/4c.png)
Состојки
- 150 гр телешко месо (стек)
- 1 кромид
- 1 лукче
- 5-6 свежи печурки
- 1 компир до 120 гр
- Зачини: црвен пипер, буковец, црн бибер, тако зачин, шарена сол, ловоров лист
- Вода по потреба
- Зелена салата
Начин на припрема
На многумина од нас (да, и мене) знае да ни здосади пилешкото месо па малку промена со телешко. Исечи го на 2-3 парчиња и исчукај го месото. Прво, во тавче на рингла на маслиново масло пропржи ги малку парчињата месо од двете страни колку да поруменат. Извади ги од тавчето и тргни ги на страна. Во истото тавче стави ги исецканите лукче,кромид и печурки, пропжи ги па штом омекнат додај им вода и зачини, и за брзо време врати ги внатре и парчињата месо да се варат или динстаат, твој избор. Додавај водичка по потреба ако испари, проверувај го месото, немам точно одредено време за колку ќе бидат готови затоа што зависи од многу работи, затоа проверувај кога ќе биде месото готово. Што се однесува до компирот, можеш да ги свариш и да си направиш пире или да го исечеш како помфрит но да го печеш, и тоа можеш заедно со месото наместо да го динсташ. Комбинирај со голема зелена салата.