МЕДИТЕРАНСКА ФАЛАФЕЛ САЛАТА
Состојки
За фалафел:
- 250 гр наут за сите 4 недели (жив, покиснат од вечерта минимум 10 часа, следи објаснување)
- 1 кромид
- Магдонос
- Лукче
- 2 лажици брашно од наут/хељда/пченкарно
- Зачини: ½ лажиче сода бикарбона, бибер, лукче во прав, по желба
- 1 краставица
- 1 домат (или свежа зелена салата)
- За тзазики сос: 2 лажици грчки јогурт, зачин таратур микс, малку сок од лимон
Начин на припрема
За да не правиш секогаш смеса, пробав да ти олеснам и ти давам упатства како да направиш смеса за сите 4 недели. Наутот покисни го во вода од вечер, од прилика 3 пати повеќе вода од наут и остави да стои на собна температура во покриен сад. Следниот ден измиј го со ладна вода, исцеди го, и стави го во блендер со зачините (без сода бикарбона), кромидот и лукчето. Блендирај, но не до кремаста смеса туку како ситно сецкана смеса да дојде. Префрли ја потоа смесата во длабок сад па додај го брашното и сода бикарбона, промешај па смесата остави да отстои во фрижидер од 30 минути до 1 час за да се впијат сите вкусови. Отпосле формирај топчиња и печи ги на хартија во рерна и комбинирај си со горенаведената салата. Фалафел смесата подели ја на 4 дела и другата ¾ смеса слободно смрзни ја во стаклен сад, па за следниот пат кога ќе дојде на ред овој оброк извади си од вечер да ти размрзне или сабајле пред да одиш на работа.