МЕДИТЕРАНСКИ ОМЛЕТ

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 лажица растително млеко
  • 1 шака спанаќ или бејби спанаќ
  • ½ црвена пиперка
  • 3-4 шери доматчиња или 1 обичен
  • 3-4 маслинки
  • 30 гр фета сирење
  • Свеж магдонос
  • Зачини: црн бибер, оригано, нане

Начин на припрема

Најпрво, исецкај ги пиперката и доматот, па заедно со спанаќот стави да се пропржат во тавче на 1 лажица маслиново масло. Штом омекнат, извади ги настрана и во истото тавче стави да се пржи/пече омлетот од 2 јајца изматени со 1 лажица растително млеко и зачини. Штом е готов омлетот, наполни го со пропржениот зеленчук, преклопи го а одозгора нароси со свеж магданос, маслинки и искршено фета сирење.

Слични теми

КАПРЕЗЕ ОМЛЕТ

Состојки: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да додадете зеленчук како спанаќ…

ОМЛЕТ со гвакамоле

Состојки:2 јајца1 мал кромид, тенко исечкан1 пиперка, тенко исечкана1/4 авокадо1 мал црвен кромид, ситно исечкан1 супена лажица сок од лимон2 супени лажици свеж магдонос, исечкан1…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.