![](https://peacharmy.b-cdn.net/wp-content/uploads/2024/10/129.jpg)
ПИЛЕШКО со сушен домат
![](https://peacharmy.b-cdn.net/wp-content/uploads/2024/02/2c-1.png)
Состојки
- 150 гр пилешки стек/ВЕГЕ: 70 гр сејтан
- 2 лажици грчки јогурт
- 1 кромид
- 1 чешне лук
- Сушен домат (се продава во ќесички во Стокомак)
- Мало лажиче пармезан
- Зачини: бибер, шарена сол, тако зачин, кари, куркума
- 1 лажица маслиново масло
Начин на припрема
Најпрво исецкај го месото/сејтанот на парчиња по желба, стави го во длабок сад и стави му зачини и масло. Измасирај го ако немаш време да го оставиш да се маринира, и префрли го во тавче на оган да се испржи. Кога е готово, тргни го од тавчето па во тавчето стави да се пропржи кромидот, лукчето и сушениот домат (сушен домат се продава во ќесички во Стокомак со сигурност, знам дека има и во масло во тегличка но секако за нас поздрава опција е само сушен домат чист). Ако не најдеш сушен домат, стави си обичен не е страшно. Штом омекне кромидот, додај го грчкиот јогурт и пармезанот, промешај па врати го месото/сејтанот назад во сосос (може и малку водичка да додадеш). Кога веќе ручекот е при крај нароси го пармезанот и покриј со капак. Комбинирај со свежа салата.