ПИЛЕШКО ВО БРОКУЛА СОС

Состојки

  • 150 гр пилешки гради (стек) или мисиркин стек/ВЕГЕ: 60 гр сејтан или 150гр тофу
  • 2 лажици ориз
  • ½ кромид
  • 1 шака брокула
  • 1 мал компир до 100 гр
  • Сок од лимон или портокал за месото
  • Малку вода
  • Зачини: сол, бибер, црвен пипер, нане, тако зачин, сусам
  • 1 лажица соја сос
  • Свежа зелена салата

Начин на припрема

Најпрво, свари ги компирот и оризот (посебно). Додека се варат, месото исечкај го на парчиња по желба и во еден сад стави го заедно со сок од лимон или портокал, соја сос и тако зачин. Стави го да се пржи или динста под капак, твој избор. Тргни го настрана кога е готово. Во истото тавче на 1 лажица маслиново масло потпржи го кромидот и додај го сварениот ориз, да се соединат. Во блендер изблендирај ја брокулата заедно со сварениот компир и зачини и малку вода па истури го овој сос кај оризот, нека се крчка додека не се спојат сите вкусови. Послужи го во чинија па врз него сервирај си го пилешкото. Комбинирај со свежа зелена салата. За веге варијантата важи истиот процес, само што истите постапки ги правиш со сејтанот/тофуто.

Слични теми

Тава Ориз со Пилешко

СостојкиПилешко бело месо: 200 g, исечкано на коцкиИнтегрален ориз: 50 gМаслиново масло: 1 лажичкаКромид: 1 мал, ситно исечканПиперка: 1, исечкана на коцкиМорков: 1, изренданПраз: 1/2…

ТЕРИЈАКИ ПИЛЕШКО ТАКО

Состојки: Начин на подготовка: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да додадете домат, зелена салата…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.