ПЛЕСКАВИЦИ од карфиол
Состојки
- 250 гр карфиол
- 1 цело јајце и 1 белка
- 1 лажица мелено ленено семе
- Зачини: лук во прав, шарена сол, нане или оригано, куркума
- Малку сода бикарбона, ½ лажиче
- Сок од пола лимон (да ја активира содата)
- Сусамче за посипување
- Доматен сос како прилог или свежа салата
Начин на припрема
Многу брзи, лесни и нискокалорични плескавички или ќофтенца, како сакаме така ќе си ги викаме. Единствено карфиолот треба да се изренда, па во садот со изрендан карфиол додај ги јајцето и белката, зачините, сода и сок од лимон. Рерната вклучи ја да се загрева на 220, а ти на хартија за печење формирај плескавици и реди ги во плехчето за печење. Нароси сусам, стави да се печат од прилика 20 минути, но проверувај си ги сепак од рерна до рерна има разлика. Комбинирај си со она што ти е повкусно, доматен сос или салатиче.