
ПРОТЕИНСКО ПАРЧЕ

Состојки
- 40 гр леќа (зелена или црвена, жива)
- 100 гр свежи печурки
- 2 јајца
- Чешне лук
- Свеж магдонос
- Сол, бибер, оригано
Начин на припрема
Стави ја леќата да се вари, а во меѓувреме во едно тавче на 1 лажица маслиново масло стави ги сецканите печурки и лукчето да се пропржат додека не сменат боја и омекнат. Рерната вклучи ја да се загрева на 200 степени, исцеди ја сварената леќа и комбинирај ги во еден длабок сад сите состојки, односно леќата, печурките, јајцата, сецканиот магдонос и зачините. Измешај добро и истури во мало огноотпорно тавче за печење на хартија. Печи околу 25 минути и комбинирај со 2-3 маслинки. Ако сте повеќемина дома, зголеми ја дозата.