![](https://peacharmy.b-cdn.net/wp-content/uploads/2024/10/175.jpg)
РИБА ПУТАНЕСКА
![](https://peacharmy.b-cdn.net/wp-content/uploads/2024/03/6c.png)
Состојки
- 150 гр бела риба (панга, ослич или друг)
- 3 лажици кус кус
- 1 кромид
- 1 лукче
- 4-5 маслинки сецкани
- 200-300 мл доматно пире или домат поголем, излупен
- Зачини: лукче во прав, бибер, нане, ловоров лист, шарена сол
- Свежи билки опционално (рузмарин, копар)
- Свежа салата со 2 лажици наут (сварен)
Начин на припрема
Многу би сакала да можев да го ставам оригиналниот рецепт за овој оброк, ама некои од состојките сеуште не се толку познати кај нас па ќе причекаме за некое наредно мени. Кус кус стави да се вари, а исецкај ги кромидот и лукчето и стави ги на 1 лажица маслиново масло во тавче на рингла да се пропржат. За тоа време , ако се одлучи за домат, исецкај го и него и маслинките да ти бидат спремни, а рибата на парчиња. Штом омекнат кромидот и лукчето додај ги маслинките и доматното пире или доматот, може да додадеш малку водичка и зачини, па стави ја и рибата во овој сос. Намали ја температурата и покриј со капак за да може убаво да се спојат сите вкусови без да ти испари течноста. За некое време отвори и преврти ја рибата од другата страна. Сама ќе си процениш кога е рибата готова, ако сакаш погуст сос откриј го капакот и остави на отворено. Сервирај со свеж магданос и комбинирај со свежа салата со 2 лажици наут.