
Скини Бич Цезар

Состојки
100-150гр пилешко/Веге: 100-150гр сејтан
ајзберг
1/4 авокадо
2 варени јајца
1 мала лажица грчки
1 мало лажиче сенф
1 мало лажиче пармезан
Начин на подготовка: На кој му се јаде мајонез да чујам?! За тебе не знам ама мене сигурно! :)) Пилешкото си го сечеш како прсти во кафана и си го пржиш со зачини, немој многу масло. Во длабок сад за салата ја додаваш ајзберг салатата, веднаш зачини ја, додади балсамик, малку сол,а потоа авокадото и едно варено јајце, откако се испржи пилешкото го додаваш и него.
За дресинг: Другото сварено јајце додади го во блендер заедно со грчкиот јогурт и сенфот, доколку има потреба додади и минимално водичка. Штотуку го направи твојот прв здрав и високопротеински мајонез! Истури го врз салатата и м’мкај си без да ти е срам! На здравје.
Прилагодување за мускулна маса:
Зголемете ја количината на пилешко на 150-200g и додајте 1 лажиче маслиново масло за дополнителни здрави масти.
Најчесто поставувани прашања:
Може ли да заменам или додам други состојки?
Да, можете да користите мисиркино месо наместо пилешко или да додадете краставица и домати за дополнителна свежина.
Може ли овој рецепт да биде без млечни производи?
Да, заменете го грчкиот јогурт со кокосов јогурт и изоставете го пармезанот.
Како можам да ги складирам остатоците?
Чувајте ја салатата (без дресинг) во херметички сад во фрижидер до 1 ден.
Како се загрева овој рецепт?
Салатата се јаде најдобро ладна, но пилешкото можете да го загреете посебно.
Може ли да користам друг тип на маринада?
Секако! Обидете се со маринада од лимон и лук или BBQ сос за различни вкусови.
Има ли здрави додатоци за овој рецепт?
Додадете семки од тиква или сончоглед за крцкавост и дополнителни хранливи материи.
Нутритивни Вредности (по оригинален рецепт):
Макронутриенти:
калории: 481 kcal
протеини: 79.5g
јаглехидрати: 7.5g
масти: 29.3g
Влакна: 3g
Микронутриенти:
Витамин А: 25% од ДВ
Витамин Ц: 10% од ДВ
Калциум: 8% од ДВ
Железо: 12% од ДВ
Магнезиум: 15% од ДВ
Калиум: 20% од ДВ
Нутритивни Вредности (со прилагодување за мускулна маса):
Макронутриенти:
Калории: 380
Протеини: 40g
Јаглехидрати: 5g
Влакна: 3g
Масти: 18g
Микронутриенти:
Витамин А: 30% од ДВ
Витамин Ц: 12% од ДВ
Калциум: 10% од ДВ
Железо: 15% од ДВ
Магнезиум: 18% од ДВ
Калиум: 25% од ДВ