Наскоро: Summer Challenge – Thailand Edition

СПЕЦИЈАЛНАТА ПОНУДА ИСТЕКУВА ЗА:

дена
часа
минути
секунди

НАСКОРО

Тим 🍑 & Тим 🦍

Оваа година покрај жените ги предизвикуваме и мажите. Симни ги вишок на килограми до лето и освој патување во Тајланд за тебе и твојот/твојата + 1 од Армијата. 

1290ден.

990ден.

*сумата се плаќа еднократно

БОНУСИ:

Внеси ја твојата емаил адреса подолу за да си резервираш ПОПУСТ + да добиеш SUMMER DETOX рецепти:

    Уплатата за предизвикот ќе биде отворена на 13ти Мај.

    ГЛАВНА НАГРАДА: 2 ПАТУВАЊА НА ТАЈЛАНД​

    Биди најдобрата трансформација и освој патување на Тајланд за тебе и твојот/твојата + 1

    Оваа година имаме двоен предизвик со поддршката од нашите пријатели во Staff Travel (staff.mk)

    Ана и Стефан те предизвикуваат да ни се придружиш за да станеш “ракета до лета“ (како што вообичаено се шегуваат девојките од Армијата) и да освоиш целосно патување на Тајланд. 

    Оваа година, второто патување го доделува победничката трансформација.

    Да! Доколку ја имаш најдобрата трансформација ТИ решаваш кој од Армијата ти бил/а најголема мотивација и имаш право да му/ѝ доделиш патување со тебе во Тајланд. 

    ШТО ДОБИВАШ ВО ПРЕДИЗВИКОТ

    Мени со брзи, вкусни рецепти за жени и мажи

    Во предизвикот очекувај рецепти што се брзи за подготовка, вкусни и економични. (Ќе има и ВЕГЕ опции). Мажите ќе имаат прилагоден калориски внес + БОНУС рецепти од Стефан за подобри резултати. Секое мени доаѓа со своја шопинг листа за полесно пазарување.

    Специјализирани тренинзи за жени и мажи

    Ана ќе ги прави тренинзите за жени (Ниво 1), а Стефан тренинзите за мажи (Ниво 2).  Фокусот на тренинзите е брзи резултати на безбеден и правилен начин. Снимени се на неколку локации во Тајланд и перфектно го пренесуваат летниот “вајб“ директно во твојот дом.

    Мобилна апликација

    За подобро искуство и поголема достапност на сето она што е вклучено во предизвикот за тебе –  ја добиваш можноста за користење на нашата iOS и Android апликација. Ова не е само мобилна апликација туку прва, МИНИ, ФИТНЕС СОЦИЈАЛНА мрежа во Македонија.

    Две групи за поддршка

    За големи резултати потребна е голема, секојдневна поддршка. Овојпат, ќе имаме ДВЕ ГРУПИ. Една само за жени и една кадешто ќе бидеме мажи и жени заедно.

    ШТО ДА ОЧЕКУВАШ КАКО РЕЗУЛТАТ​​

    Previous slide
    Next slide

    Намалени килограми, здрави навики, извајано тело

    Најчестото прашање што добиваме е: Колку килограми можам да ослабам?

    Иако секое тело е различно, на сликите можеш да видиш како можеш да го трансформираш и затегнеш твоето тело доколку се посветиш на себеси во следните 4 до 8 недели. 

    Од она што го гледаме изминативе 5 години работејќи со 1000ци девојки, можеш да очекуваш помеѓу 5 и 10 намалени килограми.

    Погледите на плажа и бројот на свртени глави кога ќе поминеш се бонус 😉

    ШТО ВЕЛАТ ДРУГИТЕ

    Сѐ уште се двоумиш дали да се приклучиш на летниот предизвик? Еве што велат девојките што учествуваа минатите години:

    Прашања и одговори

    Summer Challenge е фитнес предизвик за слабеење на правилен и забавен начин. Во него има план со видео тренинзи (два левела), план за исхрана, здрави десерти, награда за најдобрата трансформација и заедница што ќе те поддржува и навива за тебе.  Трае 4 или 8 недели. Со уплатата добиваш личен, онлајн профил во којшто се поставени сите материјали и ти е достапен 24/7.

    Овој предизвик е за девојки што сакаат да ослабат и за мажи кои сакаат да го тонираат своето тело.
    Добив многу пораки со прашања дали може да се пријават девојки што имаат цел качување на мускулна маса. Но, овој предизвик е само за девојките што сакаат правилно да ослабат. Доколку сепак сакаш да се приклучиш на програма за мускулна маса погледни ги https://peacharmy.mk/instabooty-home и https://peacharmy.mk/instabooty-gym програмите.

    Со Sumer Challenge-от се трошат навистина мнооогу калории, а тоа значи и дека си на добар пат за намалување на килограми. Она што и овој пат треба да го знаеш е дека храната игра клучна улога за да ја постигнеш целта, па ако сакаш уште побрзи резултати идеалната формула за постигнување на одличен резултат e следењето на планот со тренинзи и вежби.

    Доколку сакаш да се приклучиш на програма за мускулна маса погледни ги https://peacharmy.mk/instabooty-home и https://peacharmy.mk/instabooty-gym програмите. Ова нема да биде поврзано со предизвикот, но ќе ти помогне да ја постигнеш твојата цел.

    Станав претпознатлива по ''Слабееме Најадени'' и жими се е вистина :)) , може не сум споделила до сега со никој ама кога ќе слушнам од девојка на програма за слабеење ,, Aна, ова е премногу храна за мене, сигурна си дека не е грешка'', ми ја полни душава од среќа! Крива сум што да правам, ги казнувам да јадат додека слабеат :)) Менито ќе биде малку поригорозно затоа што сепак имаме само 4 недели. Ќе има мени и за вегетаријанци 🙂
    Исто така, ВАЖНО е дека за мажите, калорискиот внес ќе биде соодветно адаптиран ПЛУС Стефан ќе додаде рецепти по машки вкус.

    Како што веќе спомнав, без разлика дали во моментов си на мојата или некоја друга програма, не е ништо погрешно ако паралелно си дел од предизвикот. Придружи ни се за да се забавуваш и да додадеш дополнителни 10/15 мин. тренинг во твојата рутина. 

    Да. Тренинзите можат да се прават и од почетници.

    Ќе имаме две нивоа. Така што добредојдена си.

    Предизвикот ќе трае еден месец. Ќе имаме опција за купување на Летен Предизвик 1 и Летен Предизвик два. За оние што ќе ги купат двата, пристапот ќе биде два месеци. 

    Сѐ зависи за каков здравствен проблем станува збор, но како тренер не сум таа која треба да го има завршниот збор кога се работи за здравје и затоа моите клиенти ги советувам најпрво да се советуваат со лекар. Моите програми и предизвици се смислени за луѓе кои немаат здравствен проблем и се комплетно здрави, но тоа не значи и дека не се добри за останатите. Жените со срцеви заболувања, прекумерена тежина, проблем со коските и зглобовите, колената, Дискус хернија и слично потребно е да се советуваат со лекар затоа што во спротивност одговорноста од несакани повреди и случувања е целосно на нивна страна.

    Ајде да започнеме со најважното: НАМАЛЕНИ КИЛОГРАМИ. 

    Но, да не ги занемариме психичките придобивки:
    - Подобра генерална психичка состојба;
    - Намалени негативни мисли и лоши сценарија;
    - Поголема позитивност;
    - Поголема самодоверба;
    - Повеќе енергија

    Дополнително, са овој дел би те насочила да ги прочиташ изјавите од девојките што беа на претходниот летен предизвик малку погоре 😉

    Пријавувањето (официјално) започнува на 13ти Мај во 20:01ч. и ќе биде отворено до 19ти Мај 23:59ч.

    Пристап до материјалите ќе имаш 1 месец (доколку го купиш само Летен Предизвик 1) или два месеци (доколку ги купиш двата предизвика)

    За сите што ќе резервираат во ПРОМО периодот цената ќе биде 990 денари наместо 1.290 денари за Летен Предизвик 1.

    Уплатата се врши Онлајн со картичка со клик на едно од копчињата “купи сега“ на оваа страница.

    Доколку некоја од вас нема или не може да плати од сопствената картичка, нема да биде проблем да уплати од друга. Може да се уплати од било кое место во светот.

    Доколку имаш проблем при уплатата, испрати email на [email protected] и тимот задолжен за тех. поддршка, ќе ти помогне веднаш.

    КОЛКУ ДЕНА СЕ ВЕЖБА НЕДЕЛНО?
    Имате вежби за 4 дена во неделата.

    ОД КОЛКУ ГОДИНИ МОЖЕ ДА СЕ УЧЕСТВУВА?
    Може да се учествува од 16 годишна возраст.

    ДАЛИ МИ Е ПОТРЕБНА ОПРЕМА ИЛИ РЕКВИЗИТИ?
    Не, нема да биде потребна опрема или реквизити.

    ДАЛИ ТРЕНИНЗИТЕ СЕ ВО ЖИВО ИЛИ МОЖЕ ДА ВЕЖБАМ КОГА МИ ОДГОВАРА?
    Тренинзите се снимени и можеш да ги правиш кога ти одговара.

    ДАЛИ ЌЕ ИМА И ВЕЖБИ ЗА ЗАДНИКОТ?
    Да, ќе има вежби и за задникот.

    Овој предизвик НЕ е за трудници или тазе мајки. За тазе мајки ја имаме MamaFIT програмата тука: https://peacharmy.mk/mamafit-2/

    Оваа веб страна нуди фитнес и нутриционистички содржини и е наменета само за образовни цели. Овие информации не можат да ги заменат професионалните медицински совети, дијагноза или третман. Ако имаш загриженост или прашања во врска со твоето здравје, секогаш треба да се консултираш прво со твојот лекар. Не занемарувај, избегнувај или одложувај добивање на медицински или здравствени совети од твојот лекар поради нешто што можеби си го прочитала на оваа страница. Користењето на сите содржини и програми прикажани на https://peacharmy.mk е само на твоја, сопствена отговорност.

    Кој тим си ти?

    Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.