
ТАИ ВЕЧЕРА

Состојки
- 2 лажици ориз
- 5-6 свежи шампињони
- 1 јајце варено
- 1 рака боранија (за замена погледни во припрема)
- За дресинг: 2 лажици грчки јогурт, мало лажиче маслиново масло сок од лимон
Начин на припрема
Оризот и јајцето се варат, а печурките се запржуваат на загреана рингла и тивок оган со малку масло заедно со боранијата. Доколку не си љубител на боранија замени ја со ситно исецкана, брокула, карфиол, пиперче, морков, спанаќ, зелена салата, избери било што од ова. Секогаш користи зачини по желба, освен вегета, тие го прават вкусот и секое јадење необично. Дресингот е освежителен.