10 работи кои НЕ треба да ги правиме за подобра фитнес рутина
За да знаеме каков тип на режим е добар за нашиот фитнес план, важно е да знаеме дека не треба да се водиме по опцијата што делува за сите туку што ќе делува на нас.
Ова можеме лесно да го постигнеме ако ги избегнуваме сите “fake news” околу нас што пропагираат брзо намалување килограми (читај, најчесто на неодржлив начин)
Некогаш за да останеме здрави и фит може да ни делува како бескрајна листа на работи што треба да ги изедеме, вежби што треба да ги направиме и навики што мораме да ги стекнеме.
Дополнително тука се сите најнови трендови кои еден ден пропагираат млечни производи а другиот ден ги забрануваат.
Наместо се ова, имаме многу пократка листа на работи кои треба да ги избегнуваме.
Наместо да ги мислиме сите работи што треба да ги правиме, полесно е да се фокусираме на тоа што не треба.
Со избегнување на се лошо значи дека се останато можеме да го правиме – нели е тоа целта?
Целта на листата е да воспоставиме неколку правила за работи и навики што се големо НЕ – наспроти бескрајната листа работи кои треба да ги правиме почесто. Овој начин е доста поефективен од сите “11 најдобри оброци за тебе”, “Топ 20 диети”, “Најефективните вежби за стомачни”. Што им е заеднично на сите овие листи?
Бескрајни се.
Постојано има нови истражувања и нови пристапи кон фитнесот кои ако пробаме да ги следиме ќе се изгубиме тотално.
Фитнес рутината е нешто што никогаш нема да биде готово затоа што нашето тело се менува со годините и тоа што функционира сега – нема да биде толку ефективно за 10 години.
10 работи кои НЕ треба да ги правиме за подобра фитнес рутина
Не гледаме ТВ и не работиме додека јадеме.
Гладот не е единственото нешто што не тера да јадеме. Колку пати сме спремиле пуканки или пица за некој филм? Т.н. роботско јадење е кога гледаме филм или серија и не водиме евиденција колку сме изеле или дали сме сити. Истото важи и за јадење на биро додека сме на работа и сакаме во ист период да завршиме обврски и да јадеме. Колку помалку сме расеани додека јадеме, помалку ќе јадеме.
Избегнуваме вежби за кои се потребни доста часови од денот да се изведат
Ако сакаме да сме здрави, мораме да издвоиме време за вежбање. Ова не значи дека треба да поминеме саати на патека или во теретана. Кога правиме план за вежбање мораме да се осигураме дека ќе го имаме времето да се посветиме за тие вежби.
Ако одбереме план што трае повеќе од што имаме да издвоиме шансите се дека нема да го следиме и ќе се откажеме за кратко.
И, од каде да се почне? Секогаш е добра идеја да се почне со вежби од 20тина или 30тина минути и потоа да се додава на време по потреба и можност.
Ако не сме сигурни за теретана и немаме кондиција за планина, може да одиме во парк или на некоја рамна површина и таму да почнеме со пешачење.
Кога ќе почнеме да добиваме кондиција ја менуваме рутината по потреба.
Апчиња и чаеви за слабеење
Низ светот се трошат помеѓу 2 до 5 билиони долари на апчиња за слабеење. Тоа е огромна бројка на пари фрлени низ прозор. Буквално. Некои суплементи како кафеинот помагаат со минимален импакт во најдоброто сценарио. Најлошото е сериозни здравствени последици кои можат да завршат кобно.
Сите овие “fat-burner” или топачи на сало нема да направат огрома разлика како што рекламираат. За сумата што ќе ја платиме за чај или апчиња за слабеење подобро е да си купиме кафе или обичен црн чај.
Овој тип на апчиња и чаеви се големо НЕ и затоа се помеѓу првите на листата.
Не “скокаме” денови за одмор
На нашето тело му треба одмор. На мускулите им треба време да закрепнат. Нашиот ум сака паузи. За подобри резултати и тело што нема да го премориме и да се повредиме мора да имаме денови за пауза. Се препорачува од 1 до 2 денови неделно, сепак зависи од типот на вежби што го следиме.
Не си кратиме од сонот
Исто како што не смееме да пропуштиме ден за одмор, не смееме ни да го ризикуваме квалитетниот сон.
Доволно квалитетен сон влијае на нашето здравје, мускули, диета, глад, ментален фокус и генерално состојбата во која сме секојдневно.
Неодстаток на сон може да доведе до: висок притисок, зголемена килажа, дијабетис тип 2, пореметен имун систем, болести на срцето, променливо расположение, деменција и болести поврзани со мозокот како и осаменост.
Затоа важно е да спиеме од 7.5 до 9 часа.
Ги игнорираме сите брзи диети
Мастите не дебелеат. Јаглехидратите не дебелеат, глутен, млечни производи исто така. Јадење доцна навечер не дебелее. Доручек не дебелее. Нашата крвна група не дебелее.
Ништо од наведеното е вистинито.
Ниту една состојка сама по себе е предизвикувач на прекумерена килажа. Ако некоја диета ни препорачува да тргнеме во целост некоја состојка, тоа обично е лош знак. ( И не, ова правило не важи за состојка на која што сме алергични.)
Не се стресуваме за опрема за вежбање
За нашите мускули ни е потребна тежина/отпор. Нашето срце мора да чука побрзо. Без разлика дали оваа тежина/отпор ќе дојде од нашето тело, ластици, направа за вежбање или dumbbells не треба да биде нешто што ќе не загрижува. Дали срцето ни чука побрзо од пешачење или трчање, точак или пливање.
Се додека се движиме и се потиме нема потреба да се стресуваме за опрема за вежбање. Тоа е тоа. Кога ќе ни стане нешто лесно го качуваме напорот. Од одење веќе не се потиме? Ок тогаш трчаме. Од squats веќе не се потиме? Зимаме литро вода со нас и качуваме напор.
Толку е лесно.
Не правиме ДЕТОКС со цедени сокови
Овој тип на детокс не функционира, и не вреди за парите инвестирани во скапи сокчиња. Било каков прогрес ќе се врати во моментот кога ќе почнеме да јадеме како што сме претходно.
Ако сакаме да внесеме повеќе зеленило во нашата исхрана, да може. Но не како замена за оброк/оброци.
Не ги обвинуваме слепо хормоните, токсините во телото или било какво воспаление.
Сите овие работи се само изговори без проверена крвна слика.
Хормоните се дизајнирани да се менуваат. Краток раст на инсулинот не е секогаш лоша работа. Сериозни сме. Со конзумирањето на протеини, предизвикуваме краток раст на инсулинот кој за брзо се враќа во нормала.
Токсини има насекаде околу нас. А благо воспалување предизвикува имуниот систем да се крене и да почне да работи на нашето здравје.
Сите овие работи се користат како Ахилова пета во оваа индустрија. Без да си провериме крвна слика – не скокаме во заклучоци.
Не вежбаме со болка
“No pain, no gain” е ужасен совет. Вежбање со повреда или со болки само ќе ја влоши состојбата и ќе не спречи да вежбаме наскоро. Има голема разлика помеѓу болка, повреда и воспаленост.
Се буткаме себеси но не се кршиме себеси. Ако се повредиме, одмараме и се опоравуваме. Има начини да се тренира со повреда но прво мораме да ја санираме.
Здрави навики не прават подобри не полоши.