Алкохол за време на диета: сѐ што треба да знаеш

Денес ќе пишуваме за една тема која што е доста популарна деновиве. Алкохол.

Немаме пракса да забрануваме работи тука, не е наш стил тоа. Веруваме во филозофијата се со модерација. Да, знаеме да земеме некоја коцка чоколадо и да се напиеме коктел некогаш но исто си ги знаеме и границите.

Затоа тренираме често и сме на балансирана и здрава исхрана.

ДА можеме да пиеме алкохол и да слабееме.

Но тоа не значи да отвориме шише вино и сами да го пиеме или да нарачаме 8 еспресо мартини во петок после работа!

Се во модерација! Ова треба да се има на ум заедно со типот на пијалоци што ги зимаме. Важно е да ги одбираме тие што ќе имаат најмалку влијание на нашата цел.

Како пиењето (премногу) алкохол го забавува нашиот напредок?

Дури и ако сме на супер здрава исхрана цело време 24/7, премногу алкохол може да предизвика да немаме никаков напредок и дури и да не здебели.

Добрите вести се дека сеуште можеме да си дозволиме по некој коктел без да го саботираме нашиот напредок, но прво да разјасниме и да разбереме како алкохолот може да ни го наруши напредокот ако не му пристапиме правилно,

Нашето тело гори масни резерви за да ја добие енергијата која што му е потребна, и баш тоа го сакаме кога сме на режим. Проблемот се појавува кога преку алкохолот внесен во нашето тело добиваме побрз пристап до енергија за трошење – значи не ги трошиме масните резерви.

Зошто треба да избегнуваш високо калорични оброци или грицки кога пиеш?

Ако сме на режим за намалување на килограми, не смееме да мешаме калорични или оброци со голем процент на масти додека пиеме.

Похована храна секогаш ти звучела како добра комбинација за со алкохол?

Сите овие калории нашето тело ќе ги смести во “резерва”. Веќе знаеме дека доколку внесеме алкохол, нашето тело ќе го конвертира прво алкохолот во енергија, занемарувајќи ги останатите внесени калории.

Поради оваа причина не смееме да го правиме ова. Не само што ќе треба да го извежбаме од нас алкохолот ќе треба и таа мезе мешана даска со похованици.

Како да пиеме без да си го нарушиме напредокот?

Имаме 5 совети како да се напиеме по некоја чашка вино или алкохолен пијалок без да си направиме штета:

#1. Не претеруваме!

Пред да излеземе си сетираме лимит: не повеќе од 2 коктели!

Со овој план ќе се обврземе на оваа бројка и мора да останеме силни.

Дали навистина вреди чаша вино за сметка на нашата килажа? Остануваме силни!

#2. Ја бираме поздравата верзија.

Чоколадно еспресо мартини! Звучи толку добро но е преполно со празни калории. За да можеме да се напиеме 1 или 2 коктели потребно да да избереме правилно. Најдобра замена за коктел полн со шеќер е ладно шардоне или розе вино.

#3. ВОДА, ВОДА, ВОДА.

Пиеме голтка вода со секоја голтка алкохол. Не само што не рехидрира туку и ни помага да се навикнеме на вода, и да намалиме со понатамошни нарачки на коктели.

Доколку пак, сме на настан и сакаме да имаме чашка во раката, кисела вода со парче лимон е одлична замена ако не планираме да пиеме, а сепак сакаме да учествуваме честото живели.

#4. Не го избегнуваме тренингот!

Вежбаме наутро, пред да излеземе на пијачки вечерта. Наредните вежби исто ги закажуваме за следното утро – на овој начин ќе имаме повеќе причини да не претераме со пиење и да не останеме до доцна излезени.

Ќе ни треба тој одмор за вежбите!

#5. Не скокаме оброци!

Голема грешка е да решиме да ја скокнеме вечерата за да имаме повеќе простор за алкохол. Ова ќе има обратен ефект, по пијачките ќе бидеме гладни и неизбежна ќе биде посетата на некоја пекара на полноќ.

Ах тој симит!

“Најлошите” пијалоци најчесто доаѓаат со чадорче!

Да, пинаколада звучи како добар план. Но сите состојки во тој коктел заедно со базата од кокосов крем го прави овој коктел најлош за нашиот режим. Скоро сите коктели се прават со некаков сируп, тоник и пире од овојше.

Или со други зборови ШЕЌЕР, ШЕЌЕР, ШЕЌЕР. Со ваков тип на коктели, можеш и да го дуплираш калорискиот внес за цел ден во една вечер.

Додека сме на режим, не смееме ни да помислиме на следните коктели/пијалоци:

  • греено вино
  • White Russian
  • Margarita
  • Fruity Daiquiris
  • Piña colada
  • Long Island Iced Tea

[ВИЗУЕЛЕН ВОДИЧ] Најдобрите избори на пијалоци и нивните калории:

Алкохолни пијалоци со 100 калории по пијалок

Kоктели со околу 110 – 170 калории по пијалок

Ако сепак решиме да се почастиме по еден коктел додека сме на диета, можеме да го замолиме келнерот да го скокне шеќерот.

Дополнително вредно е да се спомне дека коктели направени од висококвалитетен алкохол немаат потреба од шеќер за да имаат убав вкус.

Ако ти се допадна овој текст имаме добри вести за тебе: неделен newsletter FIT FRIDAY.

Остави го твојот меил подолу и почни со грижа за себеси и своето тело. Ти го заслужуваш тоа!

    Слични теми

    Кој тим си ти?

    Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.