ПАЛЕНТА појадок од тава

Состојки

  • 1 јајце
  • 100 гр грчки јогурт
  • 50 гр палента
  • ½ тиквица изрендана
  • Сол и бибер
  • 30 гр пилешки/мисиркини гради

Начин на припрема

Многу едноставен оброк многу слично на проја, само што не губиш време во печење туку само ги соединуваш состојките и печеш на рингла во округло тавче на тивка температура, а штом се појават балончиња од горната страна и веќе фати кора од долната страна, преврти ја со помош на чинија па поклопи ја со капак за добро да се испече. Тавчето можеш да го премачкаш со 1 лажица маслиново масло (разнеси го по дното на тавчето со помош на хартија ако немаш четка). Комбинирај со пилешки или мисиркини гради за екстра протеин.

Слични теми

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.