IT’S PIZZA O’CLOCK

Состојки

2 оризови галети
1 јајце
2 лажици доматен сос или пире
1 парче чедар
1 парче пилешки или мисиркини гради
2-3 маслинки
2-3 свежи печурки
Црвен кромид опционално
Оригано
Сусам
Пециво
сол

Начин на припрема

Најпрво искрши ги галетите за полесно да се блендираат и бленд до структура на брашно. Прсни им малку сол и пециво, накратко бленд па додај ги јајцата и повторно бленд до хомогена смеса. Смесата истури ја на хартија за печење и оформи со лажица округло тесто како за пица па печи во загреана рерна на 200 степени од 10-12 минути. Извади го тестото па премачкај го со доматниот сос и додај ги останатите состојки исецкани на парченца како за пица. Може да си ставиш и кромид и пиперка и домат, оставам на твоја желба. Нароси со оригано и сусам и врати повторно во рерната да се допече односно да се растопи чедарот. I got you at PIZZA 😊

Слични теми

ПОЛНЕТ МОДАР ПАТЛИЏАН

Состојки: Начин на припрема: Прилагодување за мускулна маса: Најчесто поставувани прашања: Може ли да заменам или додам други состојки?Да, можете да замените мелено телешко со…

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.