ОМЛЕТ ВРАП

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 рака спанаќ
  • 5 свежи печурки, исецкани испржени/печени
  • 30 гр пилешки или мисиркини гради (салама)
  • 30 гр фета
  • 1 интегрално лепче
  • Сол, оригано, бибер

Начин на припрема

Нема досадно кога се јајца во прашање, се трудам да ги вметнувам во интересни рецепти за да не ти бидат досадни. Исецкај ги печурките и запржи ги на малку маслиново масло, тргни ги настрана па во истото тавче истури да се пече омлетот во вид на тортиља. Штом е готово од двете страни, на чинија засечи го како на сликата, и нареди си по твоја желба од состојките и превиткај во форма на триаголник. Секако, ако немаш време не е грешно од истите состојки да си направиш и омлет на едно место.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.