ПОИНАКВА ОВЕСНА КАША

Состојки

  • 200 мл растително млеко
  • 1 лажица овесни снегулки
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 лажица мелено ленено семе
  • ½ канче грчки јогурт
  • Боровинки
  • ½ банана
  • 2 коцки темно чоколадо
  • 1 лажица гранола

Начин на припрема

Зошто поинаква? Па не мора се да се врти околу овесните снегулки во кашите, може да додадеме и други намирници како чиата и ленот кои ќе дадат комплетно друга структура на нашата каша. Во мало тенџере на оган стави го млекото заедно со овесните, ленот и чиата. Внимавај на температурата да не ти загори млекото, мешај додека да се згусне а тоа брзо ќе се случи штом загрее ринглата. Префрли ја кашата во чинивче, а одозгора стави ги останатите состојки. Можеш прво чоколадото за се растопи додека е кашата топла, а затоа и не ти ставив засладувач (поради чоколадото и бананата ќе ти биде доволно благо).

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.