БЛТ сендвич за појадок

Состојки

  • 2 парчиња интегрален леб
  • 2 јајца
  • 30 гр мисиркини гради (замена пилешки или говедска пршута)/ВЕГЕ: плус 2 сварени белки
  • Кругчиња домат
  • Малку рукола
  • ¼ авокадо
  • Кромид опционално

За намаз: 1 лажица грчки јогурт измешана со мало лажиче сенф, сол и бибер.

Начин на припрема

Знам, не е оригиналниот БЛТ ама ако си доволно долго со нас знаеш дека на секое јадење имаме прикладна здрава замена, така да биди сигурна дека ќе уживаш во вкусот. Што и да избереш од салама од наведените, прво пожелно е да ја потпечеш на суво тавче, да почне да ослободува мњам мириси а на истото тавче потпечи ги и лепчињата. Измешај ги состојките за намазот, а јајцата свари ги (секогаш е таа поздравата опција, иако знам повкусната е да ги испржиш). Лепчињата исечи ги на пола, премачкај тенок слој намаз на една страна и нареди си ги намирниците по твоја желба. Формата на сендвичот никогаш не е битна како тоа сите состојки да се правилни. Наздравје!

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.