
ПИНКИШ ПРОТЕИН СМУТИ

Состојки
- 1 смрзната банана
- 1 полна рака јагоди
- 200 мл растително млеко
- 2 лажици овесни снегулки
- 1 лажиче путер од јаткасти плодови
- Малку ванила
- Дозерка протеин во прав (вкус по избор)
Начин на припрема
Како се ближи пролетта и се потоплите денови така и боите на рецептите ми се менуваат кон посветли и поведри. Немам што посебно да ти објаснувам, сите намирници во блендер и ако сакаш да ти е потечно, секогаш можеш да додадеш вода – бар она ни е 0 калории 😊