ВЕГЕ ПРОТЕИНСКА ЧОРБА

Состојки

  • 1 парче интегрално лепче
  • 1 мала китка карфиол (колку една рака)
  • 50 гр црвена леќа
  • 1 кромид
  • ½ морков
  • ½ црвена пиперка опционално
  • Лукче
  • 200 мл доматен сос
  • 3-4 маслинки
  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажиче сенф
  • Зачини: оригано, црвен пипер, црн бибер, нане
  • Свежи билки опционално
  • Туршија или свежа салата како прилог

Начин на припрема

Ајде да затропа лажица малку! Исецкај ги зеленчуците, на 1 лажица маслиново масло пропржи ги прво кромидот, лукчето, морковот и пиперката. Штом омекнат, додај го карфиолот расцепкан на цветчиња и леќата, додај и зачини и измешај па стави го доматниот сос и додај вода по потреба, ако сакаш да е потечно. На црвената леќа не и треба многу време да се свари а ни на карфиолот, така да за брзо време ќе имаш ручек. Проверувај си, па штом се сварени додај ги маслинките, соја сосот и сенфот. Почекај да покрчка додека да се спојат сите вкусови и ти сама си ја диктираш густината . Може да комбинираш со туршија или свежа салата.

Кој тим си ти?

Доколку си жена, избери “жени“ доколку си маж, избери “мажи“ за да бидеш додаден/а во правата програма и група.